Инаку, Владата им наложи на институциите уште во август да го почитуваат задолжението за штедење енергија од барем 15 отсто на месечно ниво во споредба со потрошувачката во месеците од минатата година.Сепак, податоците од анализата за заштеда на електрична енергија во октомври споредено со истиот месец минатата година покажуваат дека најголемиот дел од органите на државната управа, институциите и јавните претпријатија успеале да заштедат струја од барем 15 отсто во октомври 2022 година во споредба со истиот месец лани.