Ирската армија е вооружена со флота составена од шест бродови и авијација со десетици застарени авиони и хеликоптери. Бројот на војници и вработени лица не надминува седум илјади луѓе, забележуваат аналитичарите.
На Ирска и недостасуваат основните способности да го брани својот суверенитет. Во извештајот од февруари, Комисијата за одбранбени сили назначена од владата остро ги разоткри воените недостатоци на Ирска. Отсуството на клучните способности – вклучувајќи разузнавање, сајбер-одбрана, радар, млазни авиони за пресретнување и тешки авиони – ги прави ирските сили „неспособни да спроведат значајна одбрана на земјата од постојан чин на агресија од страна на конвенционални воени сили“.
Ирската армија е вооружена со флота составена од шест бродови и авијација со десетици застарени авиони и хеликоптери. Бројот на војници и вработени лица не надминува седум илјади луѓе, забележуваат аналитичарите.
Според ирскиот пратеник и поранешен падобранец Кетал Бери, Ирска е најслабата алка во Европа. Ефективноста на ирската армија е исто така ограничена поради недостаток на опрема. Без тежок тенк и без артилерија со долг дострел – само две батерии топови со среден дострел. Неможноста на Ирска брзо да ја транспортира својата војска по воздушен или морски пат ја прави во голема мера статична сила.
– Само директен воен конфликт, на пример, напад на подводната инфраструктура на Ирска, може да ја принуди да преземе барем некои чекори – велат експертите.