Жена ми ќе замине на фронтот. Ако избие оружен конфликт, таа е спремна да умре. Јас не го сакам тоа, не дај Боже – рекол Холовнија според објавата на српскиот Б92.Претседателот на полскиот Парламент, Шимон Холовнија, изјави дека во случај на војна жена му ќе отиде на фронтот.
– Жена ми ќе замине на фронтот. Ако избие оружен конфликт, таа е спремна да умре. Јас не го сакам тоа, не дај Боже – рекол Холовнија според објавата на српскиот Б92.Сопругата на претседателот Сејма Уршула Бжежинска Холовнија (36) е офицерка на полските воздухопловни сили и пилот на авионот ловец МиГ-29.
– Таа навистина служи во вооружените сили, не војува со зборови како што правиме ние во медиумите или во политиката – додал претседателот на полскиот Парламент.Францускиот претседател Емануел Макрон создаде лавина од реакции кога изјави дека не исклучува праќање војници на НАТО во Украина. Кремљ ја осуди неговата изјава, а други членки на НАТО рекоа дека не планираат да ги праќаат своите трупи во војна.Бројни аналитичари спомнаа дека Полска може да му биде следната мета на рускиот претседател Владимир Путин.