Фото: Архива/Слободен печат
Двајца албански државјани биле приведени вчера откако нелегално ја преминале македонско-грчката граница.
„Вчера во 18.10 часот на подрачјето на Стар Дојран на место викано „Солунски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран ги привеле Е.Д.(41) и Д.Д.(33), двајцата од Република Албанија, поради тоа што нелегално ја преминале државната граница од Грција кон Македонија“, информираат од МВР.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.