Професорките д-р Лиза Пантековска и д-р Тања Китановска – Стојковска одржаа предавање на тема спортот во образовниот ситем во Македонија со посебен фокус на спортот на АУЕ ФОН Универзитет и притоа одговорија на мноштво прашања од присутните. Делегацијата имаше средба и со менаџментот на нашиот универзитет, дискутирајќи ја визијата за спортскиот менаџмент како профил и можностите за продлабочена соработка. Посетата беше дел од проектот Развој на млади лидери преку спортот финансиран од Стејт Департманот.
Спортот за АУЕ ФОН Универзитет останува важна алка во која продолжуваме да инвестираме.
Спортот за АУЕ ФОН Универзитет останува важна алка во која продолжуваме да инвестираме.