„Ќе обезбедиме подостоинствени плати за поединци со пониски примања, со иста бруто плата овие лица ќе добиваат зголемена нето плата за 10%. Усогласено со основните начела на социјалдемократијата, оваа даночна реформа ќе ги намали разликите во приходите и ќе ја засили солидарноста меѓу граѓаните“, рече Битиќи.На граѓаните од оваа скопска општина, Битиќи им посочи дека економската програма на СДСМ предвидува повеќе за сите, подобар живот за сите, доближување на животниот стандард до европскиот и сето тоа преку издржани и конкретни мерки.