Денеска во Куманово, потпретседателот на СДСМ и ко-носител на изборната единица 2, Фатмир Битиќи оствари средба со сметководители на која тој зборуваше за законот за вршење сметководствени работи кој Владата предводена од СДСМ го донесе 2022 година. Со овој закон, и новите меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ), компаниите во Македонија ќе го добијат истиот даночен третман на добрата и услугите (софистицирани роботи, машини, обуки на висококвалификуван персонал) како и фирмите во развиениот свет, пред се во ЕУ и САД. На овој начин се изедначуваат „правилата за игра“ на бизнис теренот, со што ние правиме уште еден чекор напред во квалитативно доближување на Северна Македонија до ЕУ, и останатите напредни економии во светот.
„Носењето на овој закон беше од клучно значење за промената која настана подоцна, односно после цели 16 години да имаме преведени и усвоени сметководствени стандарди, кои се усогласени со последното ревидирано издание од 2018 година кое е донесено и усвоено на светско ниво“ – кажа на средбата Битиќи