-Тоа е нивна претпоставка, дека јас сум бил тој што пукал. Се зачудив и јас. Во тоа време бев со тројца другари на кафе. Во тоа време кога се пукало, јас не бев дома. Точно е дека жена ми има трауми од куче што ја касна. Тоа е огромен проблем во Битола, не можеме да спиеме бидејќи живееме во центарот на Широк Сокак. Кој и да помине било да е поголема група или туристи, или велосипедист, глутниците им се пуштаат. Ова е страшен проблем во Битола. Цели глутници на кучиња има. Долу има една продавачка во бутикот, која ги сака животните, ги храни и ги собира. Нема проблем. Ама таа кога ќе си замине дома после работа, ние не можеме да спиеме, ако толку ги сака нека ги земе дома. Или има здруженија за заштита на животните и нека ги земат во стационар. Ова е страшен проблем. Да си лежеа мирно, немаше да има проблем. Ама напаѓаат, луѓе напаѓаат, дечиња напаѓаат. Иако сето тоа е голем проблем, јас не сум будала да излезам на балкон на сред бел ден и да пукам со пушка како некој будала. Ниту бев дома, ниту направив такво нешто, изјави за „Слободен печат“ Лазаревски.
Тој вели дека лажно е пријавен и тоа го кажал и во станица кога бил испрашуван од полицијата.
Бидејќи јас се имам расправано со продавачката, таа си претпоставила дека јас сум пукнал со воздушната пушка и ме пријавила. Кога ќе заврши сето ова, ако има судење, ќе поднесам тужби за лажно пријавување и за клевета. И јас се чудам и другарите се чудат, и газдата на кафулето и келнерите, бидејќи со нив бев на кафе и не им е јасно како може да сум на две места во исто време. Немаат сведок, немаат камери, немаат ништо. Да се појави човек како мене на балкон како може никој да не го види? Тоа е ненормална работа. Живееме во некои пореметени времиња и не можам повеќе да ги разберам, ова е чудо, додаде Лазаревски.
Во полициска станица дал изјава.
-Немам проблем со полицијата, тие мора да постапат по пријава, кај мене вежбаат можеби 12 полицајци и инспектори. Никогаш досега не сум имал никаков проблем, ниту тепачка, ниту некогаш сум шутнал куче на улица, дури којзнае колку пати јас им оставам храна, додаде тој.
Инаку, СВР Битола соопшти дека добиле пријава дека 63-годишниот З.Л. од Битола наводно пукал од балконот на неговата куќа на Широк Сокак со воздушна пушка кон куче скитник кое било на улицата. Настанот се случил во средата.