Денеска заедно со советничката и заменик градоначалник на Струмица, Елена Паликарова, заедно со други колеги градоначалници го посетивме јавното претпријатие за градски транспорт во Храдце Кралове во Чешка.
Дискутиравме за менаџирањето со јавниот превоз, бенефитите од електричниот градски превоз.
Како градоначалник силно ќе се залагам да Струмица биде прва општина во државата со целосно електричен јавен транспорт.