Александар е име кое го знае регионалната публика, и кому очигледно му се отворија вратите на успехот. Во октомври тој замина на американска турнеја заедно со Лепа Брена, а потоа откако Брена се врати во Србија, поради голем интерес од нашата дијаспора, тој остана во САД и продолжи со концерти. Веќе бил договорен и неговиот новогодишен настап, кој исто така ќе се случува во Америка. Приватно, Јосифовски е оженет со Теодора, која му беше огромна поддршка за време на учеството во Гранд шоуто.Во повеќе наврати рокерот за неа изјавува дека му е најголема поддршка и секогаш стои покрај него, и во добро и во лошо. Неодамна ги отвори и вратите на семејниот дом во Охрид, и за Црнобело.мк раскажа дека го финализирал уредувањето на куќата каде живеат со сопругата. Тогаш изјави дека целиот процес бил макотрпен, бидејќи сакале домот да им биде удобен, но и да има аристократски шмек.Грчки столбови, лајсни со резби, бел клавир, камин, но и место за неговото музичко студио, е се она кое тој и сопругата се потрудиле да си го најде своето место во нивната куќа, со цел да создадат свое место за уживање.Досега голем број на наши млади музичари си ја пробале среќата во популарни музички шоу натпревари во регионот. Александар, иако на „Ѕвездите на Гранд” заврши како второпласиран, сепак е еден од ретките кои и по завршувањето на шоуто продолжи со засилено темпо да ја гради кариерата.