Свеста кај релевантните чинители во државава за сајбер безбедноста е на завидно ниско ниво. Говорењето во јавните настапи на политичарите дека овој сегмент од безбедноста на државата ни е важен и дека треба да се подобри е само наративно тврдење дека тоа е така. На терен ги имаме сосема спротивните случувања. Во исто време сакам да истакнам дека никоја земја од регионот не е имуна од вакви напади, но за разлика од нас државите сериозно вложуваат во овој сектор. Сепак, последните случувања со сајбер нападите врз АРМ претставува шлаканица за оние кои не веруваа во Русите имаат влијание кај нас. Сево ова говори дека во периодот што следи земјава ќе биде константна мета на вакви закани во дигиталниот свет – вели професорот Методи Хаџи Јанев при неговото гостување во утринската програма на Слободен печат.
Повеќе од разговорот со професорото Хаџи Јанев можете да погледнете во видеото во продолжение..