Ако погледнеме во минат период на претходната влада ќе видиме дека во вкупните капитални расходи најголемиот процент повеќе од 55 проценти бил на инфраструктура и градежништво за разлика од тоа оваа власт има 35 проценти од вкупните капитални расходи на инфрастуктура и градежни работи. Има уште една работа, а тоа се нефинансиски вложувања. Претходната влада за истите имала 4,5 проценти од вкупните инвестиции, а оваа влада стигна до над 36 проценти. Низ практичен пример ќе видиме каде завршуваат парите на граѓаните. На 28 април се носи Одлука со кој Владата прави трансфер на пари кон ЕСМ, тие пари во одлуката се наменети капитални инвестиции, но во истата одлука стои ЕСМ парите ќе ги троши за купување јаглен, мазут и се она за да има производство. Ова значи парите се користат за тековно работење, не за инвестиции. Во исто време имаме лажирање на финансиски извештаи и поради ова не можеме да ги видиме ништо прецизно“, рече Димитриеска Кочоска.