Како што посочи Кузеска, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не било променето, а секој глас, според неа, за ДПМНЕ е глас за враќање назад, за вдомување на партиски кадри и роднини и пријатели на избраните функционери на партијатаСкандал со непотизам во Општина Охрид, објави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), посочувајќи дека актуелниот градоначалник Кирил Пецаков вработил роднини, пријатели, фамилијарни во државните институции во тој регион.
„Ова е шемата на непотизмот на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид: Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид. Сестрата на неговата сопруга Билјана е вработена во општинскиот центар ‘Свети Наум Охридски‘. Александар Китевски е близок со Пецаков и моментално е секретар во општина Охрид. Неговата сопруга Елена Китеска е вработена во основното училиште ‘Кочо Рацин‘. И Нејзината сестра е вработена во институција под надлежност на Општина Охрид, ЈП ‘Охридски комуналец“. Роднина на Китески, Ристе е правен застапник на истото претпријатие и претседател на ГРХ ‘Охрид’ А.Д. Кумашинката на Китески, Ана Србиновска, пак, е вработена во општината, а кумашинот Андоновски е директорт на ЈП ‘Билјанини извори’“,
рече Кузеска.
Според неа, долга е листата на непотизмот, како што вели, и на Кирил Пецаков во Охрид.
„Директор на ЈП ‘Охридски комуналец’ Сашо Најдовски е исто така пријател на Пецаков. Кумашинката Оливера работи во истото претпријатие. Баџанакот Душко Шајноски е на раководна позиција во ова претпријатие. Илија Арнаудоски е поранешен претседател на месниот комитет на ДПМНЕ во Велгошти и вработен во Капетанијата. Неговата сопруга Ангела е вработена во општина Охрид. Секретар на општинскиот комитет на ДПМНЕ е Коста Арнаудов. Негова сопруга е вработена во ЈП ‘Водовод‘. Раководителот за Урбанизам ја унапреди сопругата во раководител на празната служба во општината Охрид. Вујкото на Пецаков, градоначалникот на Охрид е вработен на ЈП ‘Нискоградба‘ Охрид“,
вели портпаролската на СДСМ.
Ккао што посочи таа, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не било променето, а секој глас, според неа, за ДПМНЕ е глас за враќање назад, за вдомување на партиски кадри и роднини и пријатели на избраните функционери на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение велат дека СДСМ и Ковачевски се кумови на непотизмот.
„На седница со која раководеше Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен. Неговиот кум Паунов преку фирмата ‘Пиксел груп‘ добивал државна помош. Добро би било да одговорат како ВМРО-ДПМНЕ фатило врски за вработување во едно од посечените училишта ‘Кочо Рацин‘ во општина Центар, кое е под надлежност на Горан Герасимовски од СДС. Дали СДС знае што зборува или можеби станува збор за некаков внатрешен судир и пресметка?“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.