Фото: Зоолошка градина
По повод Светскиот ден на шегата, во сабота на 1 април со почеток од 12:30 во Зоолошка градина ќе се одржи првоаприлски маскенбал.
Од Зоолошката градина информираат дека за забава на посетителите ќе се погрижат млади музичари, а најмладите ќе имаат можност да се дружат и со слончето Халки.
За сите оние кои ќе дојдат маскирани, планирано е дефиле на маски со многу музика, забава и дружба.