Како што информираат од Министерството за внатрешни работи пријавениот, вработен како референт за превоз во Јавното претпријатие „Национални Шуми“ – Подрачно шумско стопанство Караџица – Скопје, на 03.07.2023 издал испратница за натоварено огревно дрво во товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки за количина од четири кубни метри.
Подоцна, при контрола на возилото и по извршениот увид и премерување од Шумската полиција, било констатирано дека во возилото има претовар, односно дека вистински натоварената количина огревно дрво не одговара на наведената количина во издадената испратница од страна на пријавениот.