Истакна дека со амбициозни планови и конкретни мерки, главниот фокус е
ставен на економски развој, промоција на туризмот, зголемување на
поддршката за земјоделството, и создавање можности за младите за да
останат да живеат и создаваат во Берово.
-Свесни за потребата за раст и развој на економијата, нудиме планови за
економско зајакнување, ги идентификувавме потребите и потенцијалите за
развој и поддршка на локалните бизниси со цел отварање на нови работни
места преку финансиска помош и субвенциии, како и реставрација на
постоечките капацитети. Берово, бисерот на Малешевијата, со својата
богата историја и природна убавина, претставува идеално место за развој
на алтернативен туризам. Планираме да ја подобриме инфраструктурата, да
ги промовираме културните и природни убавини и да ја зголемиме
достапноста и квалитетот на туристичките услуги, истакна генерал
Арсоски.
Тој потенцираше дека иселувањето на младите е рак рана за македонското
општеството, па оттаму најголем предизвик за Движењето ЗНАМ е да се
задржат и охрабрат младите да останат во Македонија.
-“Прогласот за достоинствена Македонија“ предвидува создавање на
претприемачки услови и доделување на долгорочни кредити со државна
субвенција на каматите, како и поддршка за младите да започнат и
развијат свои бизниси во општината. Со овие мерки, целиме да создадеме
поволна средина за задржување на младите во Берово и да ги охрабриме да
бидат активен дел од локалното општество и економијата. Движењето ЗНАМ
се обврзува да го трансформира Берово и Малешевијата во место каде што
секој граѓанин ќе има можност за успех и достоинствен живот, им порача
генерал Арсоски на граѓаните.
Тој ги повика на 24.април и на 8 мај да го заокружат бројот 7 и да дадат
глас за Максим Димитриевски и Движење ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА!