Владиниот портпарол посочи дека оваа година надлежните имаат на располагање дополнителни алатки, ресурси и протоколи за соработка во справувањето со шумските пожари.Истакна дека се создаваат зони за заштита од пожари во најчувствителните шумски подрачја, се расчистуваат патеките и патиштата во шумите, а со измените што Владата ги направи во Кривичниот законик, построги се казните за потпалувачите.
„Подметнување пожар што доведува до губење на живот е казниво со доживотен затвор, а подметнување пожар во шуми, доколку доведе до еколошка катастрофа, сега е кривично дело и казната е до 20 години затвор и парична казна од 200.000 евра“, истакна Маринакис.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во вчерашниот неделен преглед на настаните објавен на „Фејсбук“ се осврна и на пожарите, истакнувајќи дека оваа година вработени се уште 700 шумски пожарникари и зголемен е бројот од шест на 16 на воздушните единици.