Не радува тоа што градоначалникот на општина Бутел ја покажува својата благодарност на ваков начин со објави на својот фејзбук профил на проекти на Град Скопје поточно реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски.
Градот Скопје, не ги дели луѓето по партиска основа како што тоа го прави неговата партија, затоа проектите од програмата За модерно Скопје ги реализираме во сите скопски општини, токму како и овој проект. Реконструкцијата на ул.Александар Урдаревски е проект целосно проектиран, планиран, финансиран и реализиран од градот Скопје.