Авантуристката Натали Рејнолдс со друштвото фатиле мала ајкула на непозната локација, а потоа ја извлекле до плиткото. Натали потоа седнува на грбот на морскиот предатор и се фотографира, но смелата авантура на крај завршува со непријатна повреда.
Авантуристката Натали Рејнолдс неодамна на мрежите се пофали дека имала „блиска средба“ со ајкула, а сето тоа го снимила на камера. Снимена е како со друштвото фаќа мала ајкула на непозната локација, а потоа ја извлекуваат до плиткото. Натали потоа седнува на грбот на морскиот предатор и се фотографира.
„О, ајкулата е тука! Таму е! Боже мој“ -рекла девојката.