Водата како основен природен ресурс е еден од најзначајните предуслови за живот. Со цел следење на глобалната водна криза и преземање соодветни мерки за излегување од неа, неопходно е да се работи и на достигнување на шестата цел од дефинираните цели за одржлив развој (SDG-Sustainable Development Goals), која е дефинирана како чиста вода и санитарни услови за сите.
Како одговор на оваа цел за одржлив развој, АЛКАЛОИД АД има воспоставено политика за воден отпечаток, со што се потенцира важноста на водниот ресурс според која дејствува секоја организациска единица. Во однос на оваа насока, АЛКАЛОИД АД го демонстрира својот придонес преку следење на целосната потрошувачка на вода и преку изнаоѓање проектни решенија за порационално искористување на технолошката вода во своите оперативни процеси. Меѓу другото, официјалното известување за снабдувањето со водни ресурси и за нивното искористување го извршува во согласност со барањата на меѓународниот стандард „GRI 303: вода и ефлуенти“ (org. GRI 303: Water and Effluents), обелоденувајќи го во својот годишен ESG-извештај.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСe