„Почнавме патување за кое знаевме дека ќе има успех. Киншифт има визија да стане глобален лидер во ИТ индустријата, а тоа влече голема храброст, одлучност и посветеност. Се решивме да креираме нов бренд, лого, бои, и со тоа нови вредности на компанијата. Го одбравме најтешкиот пат бидејќи тоа значеше дека шест веќе етаблирани (компании) брендови треба да се ребрендираат и интегрираат во еден нов бренд. Силата на брендот, на Киншифт, како компанија и бизнис визија ја детерминира токму наследството и успесите кое го донесоа шесте ентитети, меѓу кои и Сеавус. Така, сега имаме нов бренд, но со многу силен почеток – над 3000 вработени, 28 канцеларии глобално, повеќе од 200 клиенти, културна разновидност и богатство од 37 националности, и неверојатна поддршка од мајката компанија KKCG”, изјави Марина Домазетовска, глобален директор за односи со јавноста и комуникации во Киншифт.
“‘Qin’, за нас, значи семејство”, вели Лудовик Гауде, извршен директор на Qinshift. “Ние сме посветени на градење на компанија каде луѓето ќе се чувствуваат сигурно, и каде ќе имаат континуиран развој на кариера. ‘Shift’ пак значи дека ја прифаќаме дигиталната трансформација и промените. Ние сме тука за да ги поддржиме нашите клиенти во нивниот процес на трансформација“.
Брендот е ветување
Гауде додава дека брендот е ветување, и дека секоја компанија има свое ветување. „Моравме да го пренесеме ветувањето на секој бренд од шесте ентитети во новата Qinshift околина и да се осигуриме дека силата, историјата, наследството и експертизата на сите тие компании ќе бидат споени во една. Како бренд, Qinshift го претставува она што нас вистински нѐ дефинира – колектив воден од нашата страст кон работата и јаките клиентски/партнерски односи. Нашата цел е да имаме значаен придонес, помагајќи им на нашите клиенти да креираат подобра иднина за сите нас.“
Qinshift успеа да го развие чувството за “дом” меѓу своите вработени во изненадувачки краток период. Тајната за овој успех лежеше во несебичното спроведување на честа и искрена комуникација. Со разбирање дека познатоста ја креира удобноста, раководството се погрижи да секој вработен биде дел од патувањето. Транспарентност во процесот на носење одлуки, интерни настани и отворена комуникација станаа јадрото кое го поттикнуваше чувството на припаѓање кај вработените.
„Ние оперираме во бизнис изграден врз доверба. Основата на оваа доверба лежи во нашите технички способности, што ни овозможува ефективна поддршка на нашите клиенти. Кога ќе се појават проблеми и предизвици, ние сме тука да обезбедиме брза и професионална поддршка и решенија. Довербата исто така значи дека можеме да ги предизвикуваме нашите клиенти, да ги поттикнуваме, вклучувајќи ги во конструктивни разговори. Слободни сме да им предложиме дека е време за промена на работните процеси и решенија и да обезбедиме поддршка во целиот тој процес на трансформација.
На градењето доверба треба постојано да се работи. Ние довербата ја градиме и кон нашите вработени. Нашите вредности го одразуваат тоа: храбри умови, срца и храбри идеи. Им даваме флексибилност на нашите вработени, сакаме да бидат вклучени во создавањето на нашата култура, и затоа довербата за нас има огромно значење. Кога му верувате на некого, исто така му давате многу слобода.“
Процесот на интеграција на компаниите кон брендот Киншифт треба да заврши до крајот на 2024 година. Во тој процес предничат бизнис целите, успешниот раст и развој на компанијата преку кои, како што велат ќе можат да привлекуваат луѓе кои мислат како нив. Приказната за Qinshift служи како доказ за моќта на автентичноста, комуникацијата и соработката во светот на брендирањето и организациската трансформација.