Директорот на „Слобода превоз“ изрази жалење дека за време на кампањата застанал зад Данела Арсовска за градоначалник, а притоа ги убедуваше скопјани дека таа е „жена-титан“ и дека ќе ги реши сите проблеми во Градот, но откако седнала во функцијата тотално се променила.
– Точно мене ми е жал што пред јавноста и ја дадов мојата максимална поддршка и што бев измамен од некој човек, којшто многу перфидно да излаже, да заведе и да ти даде лажна надеж. Не сум само јас излажаниот, тоа што ми го говореше на мене побарав да им го каже и на превозниците, а заедничката трибина таа им ветуваше подобри услови за работа, па поради тоа ја поддржаа. Јас лично сум признавам, дека сум изманипулиран и тоа ако можам да кажам на еден начин којшто само им поминува на психопатите, кои многу успешно знаат да ви се наметнат и излаат додека им требате. Кога јас застанав зад приватните превозници, следниот ден јас бев веќе непријател на градоначалничката, која со најгруби зборови и без аргументи ме нападна мене – одговори Јовановски на новинарско прашање.