📚 Денес кога Светскиот ден на Брајовото писмо одбележува значаен 200-годишен јубилеј, за училиштето за слепи лица ДУРМДОВ ,,Димитар Влахов” обезбедивме нови книги напишани со Брајова азбука, кои децата ќе ги добијат веднаш по враќањето од распуст.
☝️Ова го правиме веќе трета година по ред и со задоволство можам да кажам дека библиотеката ја опремивме со 60-тина вакви наслови.
📔 Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици.
🔖 Достапноста на литература, за нив значи подобар образовен пат и остварување на правото за еднакви можности со сите останати граѓани. Годинава се одлучивме да им ги донираме повеќетомните изданија ,,Алиса во земјата на чудата” и ,,Петар Пан”, светски популарни книги, со што им овозможуваме исто литературно доживување како и со останатите лица кои не се соочени со предизвиците од оштетен вид.
✌️Како градоначалник и како иницијатор на овој и многу други слични проекти, продолжуваме и понатаму да инвестираме во основните потреби за лицата со оштетен вид и други попречености преку обезбедување услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството и подигнување на свесноста кај сите останати институции за поддршката на различноста и инклузивноста.
🫶 За нас, сите се подеднакво важни!