„Ќе ми дозволите да кажам два-три збора за д-р Филипче, кој изминатиот период покажа дека и кога не беше на функција се наоѓа секому и беше достапен24/7. Јас и мојата сопруга, но и моите соработници секогаш сме го барале. Во 3 по полноќ знаел да се јави и да дојде. За него немаше работно време. И не само во корона периодот, туку и пред 2019 година. И денес да го побарате ќе го најдете. Многу човечки животи се спасени заради неговите интервенции, дијагнози и неговите операции. Просто кажано станува збор за човек за кој ти е мерак да гласаш“,рече Пендаровски.
Како што посочи, немал намера да троши зборови за противкандидатот на Филипче во Изборната единица 4, мислејќи на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, но сепак, рече дека тој целиот живот го поминал на државни или на партиски јасли.„Нема еден ден работен стаж надвор од тоа. Партијата му давала работа, партијата му давала плата. Ако не е партијата не може да заработи за леб. Тој е сосема различен од нашиот Венко Филипче кој сега да посака може да биде хирург секаде во светот, а за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател“,вели Пендаровски.