,,И покрај одржаниот протест на приватните специјализанти , на ден 27.03.2024 и остварената средба со Министерот за Здравство д-р Илир Демири, одржана на 02.04.2024 сеуште не се исполнети нашите барања. На средбата со Министерот за Здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. После остварената средба со Министерот се одржани две седници на Влада и тоа на ден 03.04 и 09.04.2024, на кои според јавно достапните информации на Влада, во ни една од нив не е разговарано за нашите барања.
Поради тоа ние, приватните специјализанти сме приморани да го направиме следниот чекор , а тоа е пристапување кон ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК од 15 Април, кој ќе трае се до исполнување на нашите барања.”, известија приватните специјализанти.