Како што велат од ТРИ, за есеите веќе има одѕив од домашните и од авторите од регинот. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“, се посочува, го добиваат своето прво македонско издание. Станува збор за лични гледишта и критика кон општеството, а целиот настан, според издавачот, ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество.
-По досегашните четири збирки раскази, Румена Бужаровска ја збогатува домашната литература со збирка есеи. Неоспорен е успехот со кој таа се закити со претходните книги раскази – превод на над 15 светски јазици, 10. домашно издание на „Мојот маж“, театарски претстави во регионот според ова значајно книжевно дело, место на топ-листите на светските книжевни платформи – книга на неделата во Германија според „Шпигел“, прв македонски автор објавен од францускиот реномиран издавач „Галимар“, најновиот превод на грчки јазик…, , наведува ТРИ