Ентони Блинкен – државен секретар на САД изјави дека ги поминале изминатите 36 часа „координирајќи го дипломатскиот одговор за да се обидат да спречат ескалација“.
„Силата и мудроста мора да бидат различни страни на иста монета“, рече Блинкен повикувајќи го Израел да покаже воздржаност во својот одговор.
Блинкен истакна дека е во контакт со колегите во регионот „и ќе продолжи да го прави тоа во часовите и деновите што доаѓаат.„Не бараме ескалација, но ќе продолжиме да ја поддржуваме одбраната на Израел и да го штитиме нашиот персонал во регионот“, рече Блинкен.