Американската актерка Шенон Доерти Во својот подкаст „Да бидеме јасни“ откри дека се подготвува за смртта. Актерката која стана поуларна од серијата „Беверли хилс“ има рак во четврти стадиум емотивно сподели дека не сака да ѝ отежнува на својата мајка која и така е очајна поради нејзината болест, затоа одлучила да продаде најголем дел од својот имот пред смртта.
„Знам дека на мајка ми ќе ѝ биде тешко ако умрам пред неа. Затоа сакам другите работи да ѝ бидат многу полесни. Не сакам да има еден куп работи со кои треба да се занимава. Не сакам таа да има четири гаражи полни со мебел“, започнала таа.