Мерките и политиките во енергетскиот сектор беа тема на денот на денешната прес конференцијата. Иако соочени со пандемија, глобална економска и енергетска криза, со барање начини за нивно надминување и истовремено креирање на мерки за максимална заштита на граѓаните, во претходниот мандат успеавме да ги постигеме најдобрите резултати во енергетиката за државата.
СДСМ има конкретен план и визија како да обезбеди енергетска независност на Македонија, која со години важи за увозно-зависна земја.
Планот предвидува зголемување на вкупното производство на енергија за најмалку 70% до 2028 година во однос на 2019 година, со што државата самостојно ќе задоволува 100% од сопствените потреби за струја. Односно, дури 1 милион македонски граѓани ќе користат исклучиво македонска струја. Покрај енергетската сигурност и стабилност, воведуваме и една огромна промена: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните!
Со оваа многу важна социјалдемократска мерка креираме нов модел на сопственост и управување, со кој ќе го зголемиме капиталот на граѓаните, но и ќе им овозможиме директна контрола во работењето на енергетските компании. Или, пластично кажано, секој граѓанин ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Друга опција нема, бидејќи сѐ друго води во ќорсокак. Затоа, нема откажување од ЕУ, нема откажување од иднината!