Претседателот на комисијата Мирсад Сурои истакна ги разгледувале извештаите за прилив на предмети, за решавање на заостанатите предмети, сложеноста на предметите по кои постапуваат судиите итн.
– Основ за предлогот се извештаите од АКМИС системот за распоредување на предметите во судовите, бројот на предмети со кои определен суд ја почнал годината, примени, решени и заостанати предмети, колку судии постапуваат, број на судии кои ќе се пензионираат оваа година. Прибавени се и мислења од судовите. Имајќи ги предвид забелешките од претходните години, намалениот број на судии, потребниот број на судии за ефикасно постапување, неможноста за обезбедување на соодветен кадар и техничка помош за судиите, потребното дејствување што треба да го преземе секој судија, како и финансиските слабости, сметам дека треба измени, треба да се има реално нормирање – рече Сурои.
Тој изнесе предлог за некои судови, како Врховниот, Вишиот управен суд и Апелациите да остане истиот ориентационен број на предмети, а за други судови даде предлог нормата да се намали за одредени категории предмети и да се зголеми за други.
– Повеќе години наназад имам исти забелешки за нелогичности во разни судски уписници и барам да има реална слика. Во судовите има намален број на судии, дел од нив ќе се пензионираат. Тие не се виновни што неодстигаат стручни служби, добри услови за работа, а финаисиската слабост доведува до големи пречки, до неажурност и неефикасност – рече Сурои.Претседателката Дамева рече дека и таа сочуствува со целото судство и дека судиите даваат натчовечки напори во работата.
– Но, да видиме кои параметри се земени при предлогот за намалување на нормите за некои судови. Сакаме да им удоволиме на судиите да имаат помалку работа, ама имаме и многу заостаток на нерешени предмети, правдата е забавена, а граѓаните не може да трпат – рече Дамева.И заменик-претседателот Ханиф Зендели рече дека за да можат тие како Судски совет да ги намалат нормите треба да имаат сеопфатна анализа со извршени увиди во судските уписници.
– Ние секоја година намалуваме по малку – рече Зендели.Членот на Советот Антоанета Димовска истакна дека има многу нелогичности во нормите за определени судови.
– На пример, за граѓански судија има норма за 20 регистрации на политичи партии месечно. За тоа не демантира животот, тоа е невозможно, таа норма е воспоставена кога имаше наплив на партии. Понатаму, има норма за 100 предмети од стечаен совет, а тоа веќе не постои по закон и треба да се избрише. Има предлог да се намали нормата за ликвидации, од пет на две месечно, а во Основниот граѓански суд Скопје во цела година има толку ликвидации, а во другите градови нема воопшто. Има норма за 100 предмети со издадени налози за извршни дејствија во станот на должникот, а јас не знам дали во реалноста има два такви предмета. Нелогичностите во поставените норми треба да се тргнат. Но, ние во овој момент немаме таква анализа и засега нека останат нормите. Тие се ориентациски, не се задолжителни, затоа што судија не може да решава тоа што нема – рече Димова.
Членот на Светот Сашко Георгиев рече дека го оправдува намалувањето на нормите во основните судови, затоа што квалитетот треба да дојде до израз.
– Имаме норма, која е ориентир на трудот на судијата, но треба да имаме разбирање за условите во кои работат. Со нормите квалитетот паѓа, затоа што судиите брзаат да ги постигнат – рече Георгиев.Членот Селим Адеми истакна дека Судскиот совет секоја година расправа за нормите, кои, како што рече, се само ориентациски, а не се должност и ниеден судија не е казнет ако не ги исполни.
– Мој став е сега да останат истите нирми. Предлагам да размислиме дали веќе не треба да има норми, затоа што судството не е математика, нам ни требаат пресуди. Дојдено е времето кога судиите не треба да имаат бројка, туку издржани предмети – рече Адеми.
И Лорета Георгиева рече дека судиите не смее да се оптоваруваат со норми, туку во прв план треба да им е квалитетот на одлучуавњето, но така е предвидено во законот и нормата е еден од параметрите спорд кои Советот ја оценуваработата на судиите.
– Судството не е фабрика, треба да се посветиме на квалитет на одлучувањето. Да работиме на предлози на промена на законот – рече Георгиева.Димова на ова одговори дека иако нормите се ориентациски, сепак при оценувањето ги земаат како фиксен параметар.
– И да си признаеме дека ориентационата норма беше воведена заради мрзливите судии. Ако не беше, некои судии нема да решат ниту два предмета – рече таа.