Чест ми е што бев гостин во домот на семејството Димковски од кумановското село Четирце. Следејќи ги стапките на родителите, младата Сања веќе неколку години успешно ја менаџира фармата „Четирце“. #ЛицевЛице вели дека таму го наоѓа својот мир. Користејќи ја моќта на дигиталните медиуми, освен за примарните производи, Сања поттикнала интерес за продажба и на домашно приготвена храна.