Ирскиот паб не е само кафуле, тој е глобален феномен. Каде и да одите во светот, а особено во градовите низ Европа и САД, ќе најдете барем еден. И, истовремено, точно знаете што ќе најдете во него. Удобни штандови, добро пиво, пријатна атмосфера, можеби украси во форма на детелина и големи свечености за Денот на Свети Патрик на 17 март. Феноменот на ирскиот паб го освои светот, а на оваа тема пишуваше и порталот „Трилист“, кој открива како овој тренд се ширел, менувал и опстојувал до денес.
Најстарото кафуле во Европа се наоѓа во Ирска
„Културата на пабовите“, објаснуваат тие, постои во Ирска со векови. Поточно, повеќе од илјада години – „Шонс бар“ во Атлон, Централна Ирска постои од 900 година, што го прави најстарото кафуле во Европа. Но, гореспоменатата култура се прошири низ целиот свет и, на некој начин, ирскиот паб стана универзално културно богатство. Како што пишува „Трилист“, тоа е релативно неодамнешен феномен.
„Кон крајот на 19. и почетокот на 20. век, мотивирани од глад, Ирците се рашириле низ светот и ја донеле својата култура на пиење со себе“, објасни Т. Кол Њутн, сопственик на „Твелв мајл лимит“ и „Д Доминос“ во Њу Орлеанс.
Парнерство со „Гинис“
Но, трендот на ирските пабови, додава тој, навистина се зголемил дури откако Мел Мекнали ја основаше компанијата „Ајриш паб“. Таа компанија продавала „пакети“ на сите заинтересирани кои сакале отворат автентичен ирски паб, составен од „дизајн, конструкција и уредување со клуч на рака“ за кој било простор на која било локација во светот. Опишаниот концепт бил претставен уште во 1970 година, но во 1990 година сè почнало да се движи со молскавична брзина. Имено, тогаш компанијата „Ајриш паб“ склучила партнерство со „Гинис“, која веќе беше позната по производството на едно од најпопуларните пива во светот. Тоа било монументален маркетиншки потег. Имено, само на европскиот континент, компанијата „Ајриш паб“ помогнала да се отворат 2.000 ирски пабови во деведесетите години. Следеа уште илјадници пабови на другите континенти. Денес сè уште има голем број компании кои работат по моделот на оригиналот. Како и да е, само компанијата „Ајриш паб“ има статус на официјален партнер на „Гинис Ајриш паб концепт“.
Историско место за дружење
Проширувањето на ирскиот паб низ светот не се должи само на добриот маркетинг. Ирската паб култура е придружена со слика на гостопримство и пријателска атмосфера. Историски гледано, ирските пабови биле центри на заедницата, „куќи за јавноста“ во целосна смисла на зборот.
Исто така, треба да се земе предвид и ирската емиграција. На пример, повеќе луѓе со ирско потекло живеат во Њујорк отколку во самиот Даблин, главниот град на Ирска. Исто така, во моментов дури 36 милиони Американци се изјаснуваат дека имаат ирски корени. Згора на сѐ, уште една специфична работа што се поврзува со ирски паб.
„Во денешно време, секој што зборува англиски во странство знае дека може да најде други говорители на англиски јазик во локалниот ирски паб, без разлика дали се во Москва или Монголија“, пишува „Трилист“.