Вечна слава нека им е на АСНОМ-ците кои ги удрија темелите на современата македонска држава и го остварија вековниот идеал на македонскиот народ.
Точно е дека оваа држава не е совршена, но сите сме одговорни за тоа каква држава имаме и ние што бираме и тие што се бирани на функциите.
Еден апел до граѓаните на Република Македонија: Излезете да гласате. Најголема шета се прави на Република Македонија ако не се излегува да се гласа и втората замолница е да се излезе да се гласа „за“, а не „против“. Секогаш кога гласаме против некого секогаш правиме грешки и тие грешки повторно се на штета на државата. Затоа, почитувани граѓани, излезете и дајте го гласот за оној којшто мислите дека ќе биде најдобар претседател, најдобар врховен командант на вооружените сили на Република Македонија.