13.8 C
Скопје
02/05/2024 08:06
МАКТЕЛ

  

     

 

Љупчо Поповски: Како работи демократијата

      

Покренатата истрага поради класифицираните документи на Џо Бајден покажува како функционира независното судство во вистинска демократија. Тоа изгледа дури и незамисливо за нас. Џо Бајден е среде бура и откритието дека неовластено поседувал класифицирани документи од времето кога беше потпретседател во администрацијата на Барак ОбамаЏо Бајден е среде бура и откритието дека неовластено поседувал класифицирани документи од времето кога беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама. Џо Бајден е среде бура и откритието дека неовластено поседувал класифицирани документи од времето кога беше потпретседател во администрацијата на Барак ОбамаФотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance

   

Во четвртокот, на една тркалезна маса за иднината на Македонија во ЕУ, вториот човек на амабасадата на САД во земјава, Ерик Мејер, беше за една нијанса поостар од постојаните укажувања на Вашингтон околу тоа како треба да владее правото и дека е потребна вистинска, а не камуфлирана борба против корупцијата. „Лидерството на Северна Македонија е тоа кое што треба да ги направи потребните реформи, не се тоа странските амбасади. Институциите и судството мора да функционираат независно и транспарентно, а тие не го прават тоа сега… Ние ќе направиме сè што е можно корумпираните актери да одговараат и нашата влада има алатки да го направи тоа. Но, ние не сме крајната власт во борбата против корупцијата… Едноставно кажано, корупцијата ја труе иднината на Северна Македонија“, рече Мејер.

 

Една од клучните работи е дали некој вистински ги слуша овие вистински пораки – од врвните политичари, преку судиите и обвинителите, до обичниот човек. Се разбира, буквално пораките се слушаат, но дали се дослушуваат? И дали ова општество научено да функционира со превезот на корупцијата во сите негови сегменти знае да живее поинаку. Ако тој коруптивен амалгам влегол во генот на граѓанинот, изгледа дека ќе биде потребна херкуловска битка да се промени оваа ДНК. За да може да се оди напред не во некој силен развој на демократијата, туку во нејзиното подносливо функционирање. Зборовите на дипломатот Мејер, како и другите предупредувања, американски и европски, за некого може да делуваат како своевидно „попување“. Но понатаму ќе ви претставиме како работи американската демократија и тоа токму во денот кога Мејер зборуваше во Скопје. И дали е тоа воопшто можеме да го замислиме, кога е јасно дека е невозможно да го спроведеме.

   

     

Во јадрото на бурата е претседателот Џо Бајден и откритието дека неовластено поседувал класифицирани документиод времето кога беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама. Првото откритие беше објавено пред една недела, кога Бајден беше на пат на трилатералниот самит во Мексико. Но она што се случуваше во четвртокот (12.01) беше своевиден час по демократија. Не е можеби идеален, но е многу илустративен. Во четвртокот утрината Бајден одговараше пред новинарите за најновиот развој на настаните – пронајдените нови класифицирани документи во гаражата на неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, веднаш до вредниот автомобил „корвета“. Бајден рече дека документите откриени во неговиот дом ќе бидат предадени на Министерството за правда. „Мојот адвокат прегледа и други места каде што се чуваа документи од моето време како потпретседател и тие го завршија прегледот синоќа“, рече тој. „Тие открија мал број документи со класифицирани ознаки во складовите и шкафовите за датотеки во мојот дом и мојата лична библиотека. Тоа беше направено во случајот со Центарот ‘Пен Бајден’ во Вашингтон. Веднаш беше известено Министерството за правда, а адвокатите се договорија Министерството за правда да ги поседува документите“.

„Класифициран материјал, веднаш до вашата ‘корвета’ – што мислите за тоа?“, праша еден новинар. Бајден рече дека документите биле во заклучена гаража, „не седеле на улица“. „Луѓето знаат дека сериозно ги сфаќам доверливите материјали“, рече тој и нагласи дека целосно соработува со истрагата. На таа прес-конференција како последно прашање, кога излегуваше од собата, му беше поставено тоа за здравјето на неговата сопруга Џил, која беше оперирана од рак на кожата, па Бајден се врати назад. Џил Бајден неодамна беше подложена на операција за отстранување на канцерогените лезии на кожата од лицето и градите, а Бајден рече дека се опоравува и е „навистина добро“. Тој рече дека операцијата траела пет часа и дека ракот сега има 0-1% шанси да се врати. Потоа работата премина во рацете на јавниот обвинител Мерик Гарланд, кој во американскиот систем ја извршува и функцијата министер за правда. Тој беше поставен од Бајден на таа функција. Има неспорен углед во судските и научните кругови и една непријатна епизода, кога Барак Обама го предложи за судија во Врховниот суд, но републиканското мнозинство во Сенатот го блокираше.

Гарланд во една прилично некомфорна ситуација за него одлучи да именува специјален советник кој ќе ги истражува класифицираните документи и како дошло тие да се најдат во гаражата во Вилмингтон и во некои шкафови во Центарот „Пен Бајден“. За специјален советник беше назначен Роберт Хур, поранешен јавен обвинител, поставен на тоа место во времето на Доналд Трамп. Специјален советник е независен обвинител поставен од Министерството за правда во случај кога има потенцијален конфликт на интереси. Роберт Хур ќе ги има сите овластувања на американски обвинител – што значи дека може да испрати судски покани и да поднесе кривична пријава. Неговата работа ќе биде да истражува – и потенцијално да го гони – секој кој можеби лошо ракувал со доверливи документи. Тој, исто така, може да истражува секој кој се меша во неговата истрага преку злосторства, вклучувајќи лажно сведочење, попречување на правдата, уништување докази и заплашување на сведоци. Специјалниот советник може да бара и проширување на неговата надлежност и не е надгледуван на дневна основа.

Хур беше беше федерален обвинител за округот Мериленд од 2018 до 2021 година. Работел на случаите за националната безбедност, измами и сајбер криминал. Тој е партнер во адвокатската фирма „Гибсон, Дан и Крачер“ во Вашингтон. Хур ќе започне со работа на случајот во наредните денови. Во изјавата, Хур рече дека ќе ја спроведе истрагата „со правична и непристрасна проценка. Имам намера да ги следам фактите брзо и темелно, без страв или наклонетост, и ќе ја почитувам довербата во мене за извршување на оваа задача“, рече тој. Мерик Гарланд ја претстави временската рамка како дошло до откривањето на класифицираните документи. На 4 ноември 2022 година вечерта, Националната архивска канцеларија на генералниот инспектор контактирала со обвинител во Министерството за правда. Таа го информираше дека Белата куќа го известила Архивот оти документи со ознаки за класификација се идентификувани во канцеларијата на Центарот за дипломатија и глобален ангажман „Пен Бајден“ лоциран во Вашингтон. Таа канцеларија не била овластена за чување на доверливи документи. Обвинителот бил информиран и дека тие документи биле обезбедени во објект во Архивот.

На 9 ноември 2022 година ФБИ започна со проценка околу стандардните протоколи за да се открие дали со доверливите информации било погрешно постапувано и дали бил прекршен федералниот закон. На 14 ноември 2022 Гарланд го задолжил јавниот обвинител Џон Лауш да спроведе првична истрага и да го информира дали е потребно именување на специјален советник. „Го избрав да ја спроведе првичната истрага, бидејќи бев убеден дека неговото искуство ќе гарантира оти тоа ќе биде направено професионално и експедитивно“, рече Гарланд. 20 декември 2022 година: Личниот советник на претседателот Бајден го информирал Лауш дека дополнителни документи со доверливи ознаки се идентификувани во гаражата на приватната резиденција на претседателот во Вилмингтон, Делавер. Советникот на Бајден го информирал Лауш дека тие документи се меѓу другите записи од периодот на службата на Бајден како потпретседател. ФБИ отиде на локацијата и ги обезбеди тие документи.

5 јануари 2023 година: Лауш го информираше Гарланд за резултатите од неговата првична истрага и советуваше дека е потребна понатамошна истрага од страна на специјален советник. „Врз основа на првичната истрага на г-дин Лауш, заклучив дека, според прописите за специјалниот совет, во јавен интерес е да се назначи специјален советник“, рече Гарланд. Во деновите потоа, додека Лауш ја продолжи истрагата, Министерството го идентификуваше Хур како предлог за назначување за специјален советник. „Силно верувам дека нормалните процеси на овој департмент можат да се справат со сите истраги со интегритет. Но, вонредните околности овде бараат назначување специјален советник за ова прашање. Ова назначување ја нагласува за јавноста посветеноста на департментот и за независност и отчетност во особено чувствителни прашања и за донесување одлуки неспорно водени само од фактите и законот“, рече министерот Гарланд.

Веднаш се јави и државниот секретар Ентони Блинкен преку неговиот портпарол Нед Прајс. Прајс изјави дека Блинкен бил „изненаден“ кога дознал за доверливи документи откриени во Центарот „Пен Бајден“, каде Блинкен претходно работел. „Ова е прашање што се истражува и се разгледува од Министерството за правда“. Спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти го повика Конгресот да го истражи Џо Бајден. Мекарти го обвини Бајден за лицемерие, укажувајќи на истрагата на Министерството за правда на поранешниот претседател Доналд Трамп за наводно лошо постапување со доверливи досиеја. Мекарти, исто така, ги обвини демократите дека се обидуваат да „имаат различни стандарди за сопствените верувања“, наведувајќи го фактот дека првиот сет на досиеја биле пронајдени во ноември – пред среднорочните избори.

Сега има два специјални советници назначени од министерот Гарланд – еден за класифицираните документи откриени во резиденцијата на Доналд Трамп, Мар-а-Лаго, а вториот за Бајден. Според достапните информации во американските медиуми, има 10 класифицирани документи на Бајден и околу 300 на Трамп, кои биле специјално изнесувани кога тој ја напушташе Белата куќа. Правните експерти тврдат дека постојат остри разлики меѓу случаите. Претресот на имотот наТрамп беше кулминација на неколкумесечните односи меѓу владата и претставниците на Трамп, кои постојано се спротивставуваа на обидите за враќање на исчезнатите документи. Во случајот на Бајден, неговите соработници сами го информирале Националниот архив дека пронашле нешто класифицирано.

Се разбира, Трамп ја искористи веста за да ја поткопа истрагата за неговите постапки. „Готово е“, рече Трамп во интервјуто со конзервативниот радио водител Марк Левин во четвртокот навечер. „Кога сите овие документи почнаа да излегуваат и Бајден ги имаше, тоа навистина го промени тонот и интензитетот што ми го правеа затоа што не направив ништо лошо. Она што тие го направија е лошо“. Има уште безброј детали, кои и не се толку важни за македонската јавност. Но вртоглавите настани од изминативе два дена ја покажуваат суштината на она што американските претставници овде и оние што доаѓаат го зборуваат – за непристрасни истраги и дигнитет на судството. Прашањето за тоа како овие класифицирани документи пронајдени во гаражата покрај амблематичната „корвета“ ќе му ги загорчат наредните две години на претседателот Џо Бајден се дел од политиката, која е многу пожестока и попартиска од македонската. Но независното судство… тоа е темелот на американската демократија.А кај нас? Тоа е живиот песок во кој пропаѓа македонската демократија.

    

Најново

ВИДЕО: Напад над главната руска база на Крим

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ФОТО+ВИДЕО: Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Силен ветер урна минаре на џамија во Турција

Sase Ivanovski

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Sase Ivanovski

Во поплавите во Кенија загинале 170 лица

Sase Ivanovski

Oсновачот на крипто берзата Бајненс призна дека перел пари, осуден е на четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Над 20 лица исчезнаа во поплавите во Бразил

Sase Ivanovski

Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното

Sase Ivanovski

Запленети 1,8 тони кокаин во близина на островот Сен Мартин

Sase Ivanovski

Пендаровски и Силјановска Давкова со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(Видео) Ковачки најави големи проекти во Зрновци: зелен пазар, изградба на брана и резерворар

Sase Ivanovski

(Видео) Видео на руски војник стана вирално:„Добредојдовте во пеколот драги браќа, кои доаѓате за пари“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојановски: По изборите ќе се преслика политичката разврска од 2006 – ВМРО ќе го исклучи ДУИ од идната влада, СДСМ е во незавидна ситуација!

Sase Ivanovski

Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на монструмот Коста Кецмановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш за 1. Мај – од пред Собрание, преку Правда, па до Влада

Sase Ivanovski

ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел

Sase Ivanovski

20 години членство во ЕУ ја промени радикално економската состојба во источна Европа

Sase Ivanovski

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Sase Ivanovski

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА: Струмица ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне!

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова „за“, Пендаровски „против“ амнестија за 27 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ: КАНДИДАТИТЕ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ РАБОТАТ ЗА НАРОДОТ, СИТЕ ДРУГИ ЌЕ РАБОТАТ ПРОТИВ НАРОДОТ!

Sase Ivanovski

ЛУДА ВЕСТ НА ДЕНОТ: СКОПЈАНЕЦ СО КОЛА УДРИЛ ЖЕНА, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ СО ИЗГОВОР ДЕКА СЕ БРЗА?!

Sase Ivanovski

Пендаровски: Клучните столбови од програмата од 2019 – членство во НАТО, преговори со ЕУ и стабилни етнички односи се остварени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИТИНГ НА ФАШИСТИ ВО МИЛАНО!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Се обврзуваме на 50 милиони евра директна помош за културата и нови телевизиски проекти на македонски јазик!

Sase Ivanovski

Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

Sase Ivanovski

Пронајдено исчезнатото 5-годишно дете во Сарај

Sase Ivanovski

Пендаровски: Најголемиот дел од руското влијание во Македонија за жал влегува преку медиумите

Sase Ivanovski

Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер, порача Вучевиќ

Sase Ivanovski

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Sase Ivanovski

Трендафиловски: Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Sase Ivanovski

Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКИ СМО ДРАГАНЕ: СЕ ЗАГЛАВИ АВТОБУСОТ НА КОЈ ВУЧИЌ, ПИКСИ И МИЛОРАД ДОДИЌ РАЗГЛЕДУВАА НОВ СТАДИОН

Sase Ivanovski

Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРОРУСКИ БАРАБИ ГО ПРЕТЕПАЛЕ ГРУЗИСКИОТ ПРОЗАПАДЕН ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР, СЕ ПОЈАВИ НА РАБОТА ЦЕЛИОТ ВО ЗАВОЈ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот – СДСМ секогаш била на страната на работниците

Sase Ivanovski

Ископана човечка коска во дворот на Клинички

Sase Ivanovski

ТЕК ЧЕ ДА ТИ БУДЕ ЖАОООО – Изет Меџити: Жал ни е што ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите практики кои мислевме дека ги заборавиле

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: САМО СИЛЕН СИНДИКАТ Е ГАРАНТ ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Sase Ivanovski

ТВ 21 открива што се случуваше зад кадарот на претседателската дебата

Sase Ivanovski

Блинкен му повтори на Нетанјаху дека САД се против израелски напад на Рафа

Sase Ivanovski

Мојсовски и Димевски тврдат дека против нив се води хајка – невиноста, велат, ќе ја докажат пред судот

Sase Ivanovski

Филипче од Дојран: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Sase Ivanovski

Европски фронт: Ветингот – услов за нова Влада

Sase Ivanovski

ДЕСПОТОВСКИ: По изборите, ново раководство на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И СО ТЕХНОЛОГИЈАТА СЕ ПРЕТЕРА: Багерите во рудниците во Австралија се оперираат далечински од Јужна Африка

Sase Ivanovski

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на работниците им го честита 1 Мај – Меѓунардониот ден на трудот: Носителите на власта во Македонија во изминатите 30 години кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно

Sase Ivanovski

НЕ Е САМО СКОПЈЕ: И БЕЛГРАД ДЕНЕСКА СЕ ИСПРАЗНИ

Sase Ivanovski

Минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада – бараа синдикалците на протестот по повод Денот на трудот – 1. Мај

Sase Ivanovski

НАЈВАТРЕНАТА ПОЛИТИЧАРКА ВО СРБИЈА СО МАКЕДОНСКО ПРЕЗИМЕ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕРКА ЗА СЕМЕЈСТВО

Sase Ivanovski

БРАТОТ НА НБА ЅВЕЗДАТА ЈОКИЌ Е НЕВЕРОЈАТНА ПОЈАВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОД НИГДЕ НИКАДЕ СЕ ПОЈАВИ БРАН ОД 3 МЕТРА И ЗБРИША ЦЕЛА ПЛАЖА ВО РИО, БРАЗИЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Со 2.436 тони златни резерви, Франција е на 4-то место во светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: МАФИЈАШИТЕ ВО ЧИКАГО ПРЕД 100 ГОДИНИ ИМАЛЕ КОЛИ СО БЛИНДИРАНО СТАКЛО И ДУПКИ ОД КОИ ПУКАЛЕ СО МИТРАЛЕЗИ

Sase Ivanovski

Писмена реакција на СДСМ на изјавата на Максим Димитриевски Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Sase Ivanovski

Димитриевски од Пелинце порача: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Sase Ivanovski

АРТАН ГРУБИ: СИТЕ АЛБАНЦИ ДА ГЛАСААТ ЗА ДУИ ЗА ДА НЕ СМЕЕ ВМРО ДПМНЕ ДА АПСИ ПОРАНЕШНИ КОМАНДАНТИ НА УЧК!

Sase Ivanovski

ЗА 1-ВИ МАЈ ЦЕЛО ТЕТОВО СЕ КАЧИ НА ШАРА

Sase Ivanovski

НЕСУДЕНАТА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ТРАМП, КРИСТИ НОЕМ СЕ ПОФАЛИ ВО АВТОБИОГРАФИЈА ДЕКА ГО УБИЛА СВОЕТО КУЧЕ СО КУРШУМ У ЧЕЛО ЗАТОА ШТО ГИ НАПАЃАЛ КОКОШКИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НАЦИСТИТЕ СЕПАК МАРШИРАЛЕ ВО МОСКВА?! На денешен ден во 1941 имало воена парада во Москва. Почесни гости, сојузниците од Нацистичка Германија

Sase Ivanovski

ЧЕЧЕНСКИОТ ДИКТАТОР КАДИРОВ НА СМРТНА ПОСТЕЛА, ПУТИН СЕ ЧУДИ КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: НЕ СМЕ ТАЛИБАНЦИ, НЕМА ДА ГО УКИНУВАМЕ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР, СТАРОТО ИМЕ ЌЕ ГО КОРИСТИМЕ ПО ДОМА, НОВОТО ВО ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Што добиваат центарци со Смарт осветлувањето?

Sase Ivanovski

Честитка од спикерот Јован Митрески по повод Меѓународниот ден на трудот

Sase Ivanovski

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал

Sase Ivanovski

Честит 1 мај, СДСМ останува на страната на работниците

Sase Ivanovski

Објавен јавен повик за подигнати повеќегодишни насади, поддршка до 600 000 денари по корисник

Sase Ivanovski

500 МЛАДИ ТАНЧАРИ ИГРАА НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТАНЦОТ

Sase Ivanovski

Фришопот на Силјановска ги скара Гордана и Стево. Вие и сопругот сте транзициони профитери и рече Пендаровски

Sase Ivanovski

ЦУК апелира до граѓаните – внимателно при палењето оган на отворено

Sase Ivanovski

Енес Ибрахим: Кандидатите Турци за пратеници од „Европскиот фронт“ не делат заеднички вредности, по изборите ќе ја напуштат оваа коалиција

Sase Ivanovski

Битиќи: Ефектот од програмата на СДСМ ќе биде подобар живот за граѓаните

Sase Ivanovski

Апасиев за Димитриевски: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Sase Ivanovski

Пендаровски по повод 1. мај: Единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници

Sase Ivanovski
Вчитувам....