Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе ја смета секоја акција во која ќе почувствува закана за своите војници во Придњестровје како напад врз Руската Федерација.
„Таму (во Придњестровје) се нашите мировни сили. Таму е нашата армија која го чува најголемото складиште за муниција во Европа. Секој треба да разбере дека секоја акција што ќе предизвика закана за безбедноста на нашите војници ќе се смета во согласност со меѓународното право како напад врз Руската Федерација, како што беше случајот во Јужна Осетија кога Саакашвили ги нападна нашите мировни сили“, рече Лавров.
Тој, исто така, тврди дека „русофобијата се наметнува“ во Молдавија.
„За жал, гледаме како раководството на Молдавија флертува со Западот. Провокативната природа на всадувањето русофобија е очигледна таму, исто како и во Украина“, рече шефот на руското МНР.
ФОТО: EPA