Ексдиректорот на ЈП „Водовод и канализација“ на прес-конференцијата што ја свика тој, а на која „упадна“ и Арсовска и стоеше до него, ја обвини градоначалничката за „елементарно непознавање“ на постапката за спроведување на тендерот за избор на изведувач на проектот чиј промотор е ‘Водовод и канализација’, а финансиери се Европската инвестициона банка (ЕИБ) Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и државава
Арсовска, пак, од својата страна обвини за нетранспарентност од досегашниот директор кој, како што рече, ги држел неа и Советот на Град Скопје во темница без да ја информира за тоа што се случува во процесот и изрази сомнеж дека Перински сакал да влијае на постапката за избор на изведувач на проектот
Сега веќе поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, кој денеска доби отказ од функцијата и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на прес-коференција во на моменти тензична атмосфера, со меѓусебни обвинувања, влетувања во збор и бројни реплики ги соочија аргументите за постапката околу милионскиот тендер за избор на изведувач за пречистителна станица.
Арсовска го разреши Перински од директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“,поради, како што соопштија денеска нејзиниот кабинет, самоволие и несоодветно постапување во постапка за тендер вреден 136 милиони евра.
Екс-директорот на ЈП Водовод и канализација на прес-конференцијата што ја свика тој, а на која „упадна“ и Арсовска и стоеше до него, ја обвини градоначалничката за елементарно непознавање на постапката за спроведување на тендрерот на избор на изведувач на проектот чиј промотор е ЈП „Водовод и канализација“, а финансиери се Европската инвестициона банка (ЕИБ) Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и држава.
Арсовска, пак, од својата страна обвини за нетранспаратеност од директорот, кој како што рече ја држел неа и Советот на Град Скопје во темница без да ја информира за тоа што се случува во процесот и изрази сомнеж дека Перински сакал да влијае на постапката за избор на изведувач на проектот.
Недоразбирањата избувнале откако кон крајот на јули во „Водовод и канализација“ стигнал допис од Градот Скопје од каде барале да се смени комисијата што ја прави евалиуацијата за избор на изведувач, потоа да се сменат членови на комисијата за надзор и барање да се сменени комисијата за жалби.
„За сето ова да се направи ние имаме обврска да се обратиме до европската Европската инвестициона банка, која е лидер во спроведување на проектот и еден од финансиерите. Да потсетам ЕИБ кредитира со 68 милиони евра, ЕБОР со 58 милиони евра и останатите 72 милиони се државен грант, обезбеден од државата пред повеќе од четири години од Европската комисија. По обраќањето до ЕИБ добивме мислење дека не е добро во оваа фаза да се менуваат членови на комисијата затоа што тоа ќе значи одложување на проектот, а затоа што државата плаќа 0,5 отсто пенали за задоцнување на работата и ќе го одземе времето во делот на запознавање со техничката евалузација и кон финансовата евалуација која веќе беше завршена. Комисијаата за евалуација за надзор ги има завршено и техничката и финансиската евалуација и извшетајот е одобрен од ЕИБ. Имаме добиено позитивен одговор од банката. Не може да си играте со европски банки“,
објаснуваше Перински.
Инаку, претходно имало промена на членовите на комисиите, но како што рече ексдиректорот на „Водовод и канализација“ тоа било пред да започне процесот на евалуација и неколкупати повтори дека јавното претпријатие не носи одлуки во конкретниот случја туку тоа е во надлежност на проектната единица, а евалуациите ги водат комисиите.
Арсовска изјави дека таа и Град Скопје нема да дозволат некој да си поигрува со средства кои се обезбедни од европските банки и од држвата.
„Ние изразуваме сомнеж затоа што изминатите месеци јас и советот немаме добиено информација во која насока се движат сите процеси кои се однесуваат на избор на најдобар понудувач за причистителната станица. Кога имате една ваква постапка во која самите слушнавте можно било тогаш да се сменат комисиите меѓутоа сега кога ние добиваме индиции дека лицата внатре во суштина работат нетранспарентно, односно не не известуваат за ништо што се случува во тој процес и откако баравме да се променат членовите… Со тоа што директорот во претходниот случај обезбедил согласност за еден ден во овој случај траеле преписки со европските банки и тоа наведувајќи ги на која страна сакаат да биде нивниот одговор во конкретниот случај, кај нас покрена основано сомнение дека внатре нешто не е соодветно на она што треба да се случува. Ние како град Скопје нема да дозволиме со средства кои се обезбедни од европските банки и од држвата некој да си поигрува. Да процесот може да почне одново и да, процесот може да биде јавен, транспратентен и скопјани да знаат на кој начин се одвива постапката и како ќе се одлучува во тој проицес, а не ние да дознаваме од кулоарите како се одвиваат овие работи. Верувам дека е од интерс на сите да знаме што е позадината на овие работи кои што се случуваат во моментот“,
рече Арсовска.
На ова реагираше Перински, кој ја обвини Арсовска за елеметарни непознавања, додавајќи дека и покрај поканите не се појавувала на состаноците со претставниицте на европските банки и останатите страни вклучени во постапката.
„Ова се морам да кажам, извинете на грубиот речник, елементарни непознавања за процесот на спроведување на постапката“,
реплицираше Перински, на што веднаш доби контрареплика од скопската градоначалничка.
„Не можеме да знаеме кога нема транспратеност“,
рече таа.
Арсовска најави дека целокупната документација околу постапката Град Скопје ќе ја достави до надлежно јавно обвинителство.
„Она што е важно за нас е дека во Македонија важат законите на Македонија, а не европските закони. Да, има директиви, има договори кои доследно се почитуваат и се знае што следи доколку се прекрши таков договор, но ние тука имаме македонска легислатива и доколку некој ги крши законите пред се македонските закони ќе сноси одоговорност. Ние ги имаме документите и ние ќе ги поднесеме до Обивителството. Ние се бориме за траспаретност. Ние нашите индиции, информации, документи ќе ги доставиме до надлежен јавен обивнител“,
истакна Арсовска.
Перински, пак, на овие наводи одговори дека и тој е согласен надлежните да ги проверат овие обвинувањата, но и тој закани со кривична пријава против Арсовска, ако работите излезат во друга насока.
„Јас немам никаков проблем со тоа. Јас реков ги повикувам сите институции кој што сметаат дека треба да ги проверат овие работи да ги проверат, меѓутоа ако не ми поднесе кривична пријава, јас ја замолувам градоначалничката да ми се извини за сите работи кои што се соопштени во јавноста затоа што сметам дека мене ми е нарушен угледот“,
изјави Перински.