13.8 C
Скопје
02/05/2024 08:40
МАКТЕЛ

  

     

 

ВЛАДА: Во тек е пријавувањето за субвенционирана електрична енергија за прехранбениот сектор, училиштата и јавните комунални претпријатија; Дневен енергетски биланс: ЕСМ вчера произведе 10756 мегават часови струја; Интерес од повеќе авиокомпании за Програмата за поддршка на воздушниот сообраќај

      

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција информираа за донесените одлуки и заклучоци од 100-та седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

На прес-конференцијата се обрати и Виктор Андонов, соработник за енергетика, кој ги соопшти последните информации кои се однесуваат на значењето на штедењето на електрична енергија и информираше за тековната енергетска состојба во земјава.

   

Андонов подвлече дека во текот на вчерашниот ден, јавноста беше информирана од страна на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, за начинот на обезбедување на поевтина електрична енергија, за таргетираните сектори, како што се прехранбениот сектор, комуналните претпријатија и образовните институции, кои се важни за секојдневното функционирање на граѓаните.

 

Андонов упати апел до компаниите кои се дел од наведените сектори да се пријават за субвенционирана електрична енергија, која ќе ја добиваат од ЕСМ Продажба. Тој подвлече дека сите потребни информации во однос на постапката за аплицирање, како и за роковите, се наоѓаат на официјалната веб страна на ЕСМ.

   

     

„Прехранбениот сектор, односно производство на основни продукти, млеко, месо, леб, масла и друго ќе добиваат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час, со цел намалување на цената на основните производи за живот. Намалувањето на цените, на одредени производи веќе може и да се забележи како што објавија дел и од медиумите. Ова е дел од ветувањето на Владата дека храна оваа зима ќе има за сите“, истакна Андонов.

Тој оцени дека сите мерки за стабилизација и намалување на цените навреме се преземаат и даваат резултат.

На прес-конференцијата соработникот Андонов истакна дека комуналните услуги, кои се важни за секојдневното нормално функционирање на граѓаните се обезбедени, преку поевтина електрична енергија за комуналните претпријатија кои вршат дејност снабдување со вода. Тие ќе добиваат електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час, со што испораката на вода е гарантирана.

„Децата ќе продолжат да одат во училиште, го слушнавме апелот на родителите, како и шпекулациите дека училиштата ќе затворат поради проблемот со енергенси и цените на електричната енергија. Обезбедивме цена од 95 евра за мегават час, за основните и средните училишта да продолжат секојдневно да работат, а децата да продолжат со своите секојдневни училишни активности. За ова вреди да се штеди!“, истакна Андонов.

Соработникот за енергетика упати апел до граѓаните дека промената во навиките е значајна, таа од една страна ќе овозможи голема заштеда без да се наруши комфорот или секојдневието, а од друга страна ќе обезбеди заштеда на ресурсите за производство на електрична енергија, односно тие ќе можат да се пренасочат или употребат на оние на кои најмногу им требаат. Во таа насока, како што истакна, сите треба да бидеме солидарни, за успешно да се справиме со кризата и да им помогнеме на институциите во справувањето со последиците од светската енергетска криза.

„Овие пораки ќе ги упатуваме кон граѓаните секојдневно без задршка, бидејќи немаме друг избор оваа зима, освен рационално да се однесуваме. Мора да имаме предвид дека државата во моментов располага со енергетски објекти кои се стари и половина век. Во периодот што следува, заради временските услови и заради зголемената потрошувачка на електрична енергија, овие производни објекти ќе бидат дополнително оптоварени, и можни се и неочекувани испади, меѓутоа состојбата секојдневно се следи и за преземените мерки граѓаните навремено ќе бидат информирани“, рече Андонов.

На прес-конференцијата соработникот за енергетика го соопшти дневниот енергетски биланс за претходното деноноќие. Тој информираше дека вкупното производство на електрична енергија од ЕСМ, за вчерашниот ден изнесува, 10756 мегават часови. Од термоелектраните произведени се вкупно 7800 мегават часови, од обновливите извори на енергија произведени се 2956 мегават часови, набавена е електрична енергија за потребите на вчерашниот ден 2400 мегават часови.

Портпаролот на Владата Муамет Хоџа, на прес-конференцијата информираше дека Владата на Република Северна Македонија по препорака на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја разгледа и усвои информацијата за одржување втората заедничка  седница  на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија која ќе се одржи на 14 ноември годинава.

Како што беше посочено, во рамки на меѓувладината седница ќе бидат потпишани повеќе меморандуми за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес: економија, одбрана, образование, европски интеграции, здравство и други.

Меѓувладините седници имаат за цел подобрување на соработката во регионот, размена на искуства, подобрување на меѓуграничната соработка, подобрување патната инфраструктура и економски раст.

Портпаролот Арсовски на прес-конференцијата информираше дека повеќе авиокомпании пројавија интерес за поддршка, по усвоената програма за финансиска поддршка со која се поттикнува развој на воздушниот сообраќај за периодот од три години почнувајќи од 2023 година.

Со јавниот повик што ќе биде распишан во наредниот период, како што истакна, е овозможено повеќе од една компанија да ги користи средствата што треба да донесе повеќе нови дестинации за нашите граѓани по поволни цени.

Донесена е и Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација којашто треба да се достави од страна на корисниците на финансиската поддршка.

Како што беше информирано, според првичниот интерес, Владата очекува авиосообраќајот веќе наредната година да го достигне и надмине бројот од 2,7 милиони превезени патници од пред пандемијата, во рекордната 2019.

Дополнително, патувањата до нови одредишта во Европа и во светот очекуваме да донесат можности за натамошен економски развој, унапредување на туризмот и запознавање и соработка помеѓу граѓаните и бизнис секторот од нашата држава и од други држави.

На новинарско прашање за блокадите од опозицијата на кредитот од ЕБРД од 100 милиони евра, соработникот Андонов истакна дека како што претходно беше објавено, роковите се наоѓаат во стратешките документи донесени во текот на 2019-та година, поточно стратегијата за развој на енергетиката која разгледува три сценарија. Андонов информираше дека овие документи се подготвени пред почетокот на енергетската криза и тие согласно постојната законска регулатива имаат обврска да се менуваат. Националниот план за енергија и клима се менува на секои две години, а стратегијата за развој на енергетика се менува на секои пет години, односно наредната година ќе се работи на нејзина измената. Андонов истакна дека конкретно законот со кој се предвидува добивање на поволен кредит од 100 милиони евра за ликвидноста на ЕСМ, има акционен план во кој се преземени роковите од овие планови кои биле и претходно објавени транспарентно. Доколку роковите во овие планови кои се донесени се изменат, тоа значи тој план ќе се измени во согласност со тие предвидени нови рокови. За истото министерот за економија има испратено допис до пратениците и до Собранието дека во текот на наредната година ќе се работат измените на овие два документа во кои сигурно ќе има поместување на дел од роковите имајќи ја предвид тековната енергетска криза.

На прашањето како Владата ги коментира случувањата во „М–НАВ“ по медиумските објави за оставки и оспорувањето на конкурсот за контролори на летање и дали ќе бидат преземени соодветни мерки со оглед на сензитивноста на областа во поглед на безбедноста на сообраќајот, портпаролите информираа дека „М-НАВ“ е институција што има свои тела за менаџирање, начин на одлучување и сопствен буџет. Портпаролите истакнаа дека според информациите што ги има Владата, постапката за избор на кандидати за обука на контролори се’ уште e во тек, и дека согласно меѓународните стандарди „М-НАВ“ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на „Еуроконтрол“ и на меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на кој што е членка.

    

Најново

(Видео) Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на Хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – УЖАСЕН ТРЕНД ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА Деца се снимаат додека мачат и убиваат животни

Sase Ivanovski

КОЈ ЧУВА ПАПАГАЛ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ! Смртоносна папагалска треска се шири во Европа

Sase Ivanovski

ВИДЕО Драма во турско училиште: Наставник спаси ученичка со Хајмлихов зафат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Напад над главната руска база на Крим

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ФОТО+ВИДЕО: Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Силен ветер урна минаре на џамија во Турција

Sase Ivanovski

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Sase Ivanovski

Во поплавите во Кенија загинале 170 лица

Sase Ivanovski

Oсновачот на крипто берзата Бајненс призна дека перел пари, осуден е на четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Над 20 лица исчезнаа во поплавите во Бразил

Sase Ivanovski

Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното

Sase Ivanovski

Запленети 1,8 тони кокаин во близина на островот Сен Мартин

Sase Ivanovski

Пендаровски и Силјановска Давкова со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(Видео) Ковачки најави големи проекти во Зрновци: зелен пазар, изградба на брана и резерворар

Sase Ivanovski

(Видео) Видео на руски војник стана вирално:„Добредојдовте во пеколот драги браќа, кои доаѓате за пари“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојановски: По изборите ќе се преслика политичката разврска од 2006 – ВМРО ќе го исклучи ДУИ од идната влада, СДСМ е во незавидна ситуација!

Sase Ivanovski

Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на монструмот Коста Кецмановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш за 1. Мај – од пред Собрание, преку Правда, па до Влада

Sase Ivanovski

ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел

Sase Ivanovski

20 години членство во ЕУ ја промени радикално економската состојба во источна Европа

Sase Ivanovski

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Sase Ivanovski

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА: Струмица ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне!

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова „за“, Пендаровски „против“ амнестија за 27 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ: КАНДИДАТИТЕ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ РАБОТАТ ЗА НАРОДОТ, СИТЕ ДРУГИ ЌЕ РАБОТАТ ПРОТИВ НАРОДОТ!

Sase Ivanovski

ЛУДА ВЕСТ НА ДЕНОТ: СКОПЈАНЕЦ СО КОЛА УДРИЛ ЖЕНА, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ СО ИЗГОВОР ДЕКА СЕ БРЗА?!

Sase Ivanovski

Пендаровски: Клучните столбови од програмата од 2019 – членство во НАТО, преговори со ЕУ и стабилни етнички односи се остварени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИТИНГ НА ФАШИСТИ ВО МИЛАНО!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Се обврзуваме на 50 милиони евра директна помош за културата и нови телевизиски проекти на македонски јазик!

Sase Ivanovski

Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

Sase Ivanovski

Пронајдено исчезнатото 5-годишно дете во Сарај

Sase Ivanovski

Пендаровски: Најголемиот дел од руското влијание во Македонија за жал влегува преку медиумите

Sase Ivanovski

Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер, порача Вучевиќ

Sase Ivanovski

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Sase Ivanovski

Трендафиловски: Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Sase Ivanovski

Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКИ СМО ДРАГАНЕ: СЕ ЗАГЛАВИ АВТОБУСОТ НА КОЈ ВУЧИЌ, ПИКСИ И МИЛОРАД ДОДИЌ РАЗГЛЕДУВАА НОВ СТАДИОН

Sase Ivanovski

Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРОРУСКИ БАРАБИ ГО ПРЕТЕПАЛЕ ГРУЗИСКИОТ ПРОЗАПАДЕН ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР, СЕ ПОЈАВИ НА РАБОТА ЦЕЛИОТ ВО ЗАВОЈ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот – СДСМ секогаш била на страната на работниците

Sase Ivanovski

Ископана човечка коска во дворот на Клинички

Sase Ivanovski

ТЕК ЧЕ ДА ТИ БУДЕ ЖАОООО – Изет Меџити: Жал ни е што ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите практики кои мислевме дека ги заборавиле

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: САМО СИЛЕН СИНДИКАТ Е ГАРАНТ ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Sase Ivanovski

ТВ 21 открива што се случуваше зад кадарот на претседателската дебата

Sase Ivanovski

Блинкен му повтори на Нетанјаху дека САД се против израелски напад на Рафа

Sase Ivanovski

Мојсовски и Димевски тврдат дека против нив се води хајка – невиноста, велат, ќе ја докажат пред судот

Sase Ivanovski

Филипче од Дојран: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Sase Ivanovski

Европски фронт: Ветингот – услов за нова Влада

Sase Ivanovski

ДЕСПОТОВСКИ: По изборите, ново раководство на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И СО ТЕХНОЛОГИЈАТА СЕ ПРЕТЕРА: Багерите во рудниците во Австралија се оперираат далечински од Јужна Африка

Sase Ivanovski

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на работниците им го честита 1 Мај – Меѓунардониот ден на трудот: Носителите на власта во Македонија во изминатите 30 години кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно

Sase Ivanovski

НЕ Е САМО СКОПЈЕ: И БЕЛГРАД ДЕНЕСКА СЕ ИСПРАЗНИ

Sase Ivanovski

Минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада – бараа синдикалците на протестот по повод Денот на трудот – 1. Мај

Sase Ivanovski

НАЈВАТРЕНАТА ПОЛИТИЧАРКА ВО СРБИЈА СО МАКЕДОНСКО ПРЕЗИМЕ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕРКА ЗА СЕМЕЈСТВО

Sase Ivanovski

БРАТОТ НА НБА ЅВЕЗДАТА ЈОКИЌ Е НЕВЕРОЈАТНА ПОЈАВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОД НИГДЕ НИКАДЕ СЕ ПОЈАВИ БРАН ОД 3 МЕТРА И ЗБРИША ЦЕЛА ПЛАЖА ВО РИО, БРАЗИЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Со 2.436 тони златни резерви, Франција е на 4-то место во светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: МАФИЈАШИТЕ ВО ЧИКАГО ПРЕД 100 ГОДИНИ ИМАЛЕ КОЛИ СО БЛИНДИРАНО СТАКЛО И ДУПКИ ОД КОИ ПУКАЛЕ СО МИТРАЛЕЗИ

Sase Ivanovski

Писмена реакција на СДСМ на изјавата на Максим Димитриевски Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Sase Ivanovski

Димитриевски од Пелинце порача: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Sase Ivanovski

АРТАН ГРУБИ: СИТЕ АЛБАНЦИ ДА ГЛАСААТ ЗА ДУИ ЗА ДА НЕ СМЕЕ ВМРО ДПМНЕ ДА АПСИ ПОРАНЕШНИ КОМАНДАНТИ НА УЧК!

Sase Ivanovski

ЗА 1-ВИ МАЈ ЦЕЛО ТЕТОВО СЕ КАЧИ НА ШАРА

Sase Ivanovski

НЕСУДЕНАТА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ТРАМП, КРИСТИ НОЕМ СЕ ПОФАЛИ ВО АВТОБИОГРАФИЈА ДЕКА ГО УБИЛА СВОЕТО КУЧЕ СО КУРШУМ У ЧЕЛО ЗАТОА ШТО ГИ НАПАЃАЛ КОКОШКИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НАЦИСТИТЕ СЕПАК МАРШИРАЛЕ ВО МОСКВА?! На денешен ден во 1941 имало воена парада во Москва. Почесни гости, сојузниците од Нацистичка Германија

Sase Ivanovski

ЧЕЧЕНСКИОТ ДИКТАТОР КАДИРОВ НА СМРТНА ПОСТЕЛА, ПУТИН СЕ ЧУДИ КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: НЕ СМЕ ТАЛИБАНЦИ, НЕМА ДА ГО УКИНУВАМЕ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР, СТАРОТО ИМЕ ЌЕ ГО КОРИСТИМЕ ПО ДОМА, НОВОТО ВО ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Што добиваат центарци со Смарт осветлувањето?

Sase Ivanovski

Честитка од спикерот Јован Митрески по повод Меѓународниот ден на трудот

Sase Ivanovski

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал

Sase Ivanovski

Честит 1 мај, СДСМ останува на страната на работниците

Sase Ivanovski

Објавен јавен повик за подигнати повеќегодишни насади, поддршка до 600 000 денари по корисник

Sase Ivanovski

500 МЛАДИ ТАНЧАРИ ИГРАА НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТАНЦОТ

Sase Ivanovski

Фришопот на Силјановска ги скара Гордана и Стево. Вие и сопругот сте транзициони профитери и рече Пендаровски

Sase Ivanovski

ЦУК апелира до граѓаните – внимателно при палењето оган на отворено

Sase Ivanovski
Вчитувам....