17.8 C
Скопје
03/05/2024 20:19
МАКТЕЛ

  

     

 

Младите, спортот и самодовербата – Наши млади кошаркари изгубиле со 60 коша разлика во Белград

      

Благодарение на развојот на комуникациите, ние, родители, баби, дедовци,  можевме  директно, на Интернет, да ги следиме натпреварите.Со возбуда го следевме настапот на нашите деца, вљубени во кошарката како спорт. Тие, со ентузијазам влегоа да тренираат, да учат кошарка, во, барем за мене, најбрендираното име во Македонија, нашиот клуб „ Вардар„.

   

Од турнирот на кој учествуваа нивни врсници од Србија, Бугарија, Словенија, Црна Гора, БиХ, се вратија со убедлив пораз. Последно место. Гледав дел од натпреварите и токму  тоа што го видов и почувствував, ме натера јавно да го споделам и да го изнесам своето видување и својот став за младите и спортот  во нашата земја. Ќе се навратам само на натпреварот со белградски „Партизан„.Нашите деца загубија ни помалку, ни повеќе, туку дури  со 60 коша разлика.

 

Да, разлика во кошеви, разлика во резултат кој боли, секако, најмногу нив, децата, кои на паркетот се трудат да парираат, да се натпреваруваат со нивните врсници, но не боли и нас, нивните родители, баби, дедовци, соученици. Не боли и не тера да се запрашаме, што е тоа што нашите деца ги прави  резултатски инфериорни. Инфериорноста во резултатот, според мене, има општествена, организациона, социјална подлога или причина, предизвикана од низа секојдневни појави, што започнуваат од домот, преку образованието и начинот на кој се организира спортувањето меѓу најмладите, па се до девалвираните  индивидуални и колективни вредности.

   

     

Семејството е основата во кое на децата треба да им се вградуваат вистинските вредности, да се стимулира желбата за натпреварување, за докажување на реални основи со вложување на труд,  да се упатува на  препознавање на доброто од лошото. Семејството е тоа кое првично треба  на детето му ја всади самодовербата, да го поттикнува да верува во себе и во своите можности, да му дава крилја дека секогаш може повеќе и подобро.Верувам дека поголемиот дел од нашите деца, особено оние кои спортуваат, го јакнат во себе индивидуалното, но, за жал, впечаток ми е, дека колективната самодоверба е на најниско ниво. Во конкретниот пример за кој пишувам, тоа беше многу видливо. На паркетот, во кошаркарските натпревари, тогаш кога требаше да се соочат со  своите врсници и кога им беше дадена можност да се споредат, тие, наместо цврстина и одважност,покажаа недозволива инфериорност, исплашеност, чувство на пониска вредност во старт, што никако не му прилега на спортот. Бодрењето од страна на управата на клубот, на тренерите, изостана во целост, а тоа, и покрај добрите потези на децата, како да ги дестимулираше.

Проблемот е дали тие деца кои излегуваат на паркет, се токму тие кои треба навистина да се таму, затоа што вредат, знаат, имаат натпреварувачки дух и не признаваат пораз, едноставно се борат, гинат на теренот за себе, за клубот, за нас. Или, во изборот на вистинските таленти има и некои други критериуми. Организацијата на работа во клубовите, начините на тренинзи, интензитетот, препознавањето на талентот и развојот на  препознаените индивидуални  вредности е  многу важна и комплексна работа, особено кога се работи за малолетници. За тоа се потребни вистински професионалци, со одлични педагошки, па и психолошки знаења.

Во нашата реалност, родителите, плаќаат за нивните деца, да го практикуваат спортот кон кој покажале љубов и желба. Плаќањето е месечно, тренинзите ги определува клубот, салата во која се тренира по правило е најмена од некое училиште, условите се какви- такви, а тренерите …. е тие се тие за кои главно не знаеме ништо, или знаеме многу малку. Работат под капата и во име на клубот. Како тие ги доживуваат поразите на клубот во кој ги тренираат децата? Плачат ли после изгубените натпревари заедно со децата кои ги одбрале да се натпреваруваат, а родителите платиле да одат на турнир за да си ги измерат силите? Како ли ги тешат после катастрофалните загуби и со кои зборови ги убедуваат дека и натаму треба да останат во спортот заедно со нив? Солзите на поразените деца, на таа возраст, сигурно остануваат во нивните неубави спомени, оставаат траги. Се плашам дека таквите порази водат и до фрустрации. Истовремено, се сомневам дека некој подлабоко размислува за тоа.

Дали имаат клубовите стратегија за тоа како треба да работат со децата,како да им влеват самодоверба и од нив да градат личности без страв, со натпреварувачки дух и борбеност. Победите и поразите се составен дел на спортот, но, загубите  не би требало да се доживуваат со солзи заради катастрофални разлики. Можеби по некоја солза кога се работи за разлика од еден до два коша, какви сум видел на тарените по светот , но тогаш солзи има и на двете страни и кај тие што губат и кај тие кои победуваат. Тоа се толкува како среќа. Сепак, катастрофалните резултати се плод на лоша работа, тренерска недоволна компетентност, немање ораганизациони предуслови за добри резултати, па и општествена какафонија во спортот и работата со младите.

Оттука, сите мораме да се запрашаме каде  се младите, каде ни е спортот, како се практикува, каде сме ние во сето тоа. Како народ, ќе успееме ли инстуционално да  создадеме што подобри услови за  да изградиме не случајни спортски индивидуи, туку колективно способни за врвни резултати, полни со самодоверба и без фрустрации дека доаѓаат од мала земја. Млади спортисти желни за натпревар и победа, кои од турнирите ќе ни се враќаат со солзи радосници, поразите ќе ги прифаќаат спортски, без тага и чемер од постигнато, туку како мотив за поголемо вложување во себе, за нови себедокажувања, за јакнење на самодовербата.

Николчо Николовски

    

Најново

Меџити до Османи: Не се грижи, идната влада ќе биде стабилна без ДУИ и Левица!

Sase Ivanovski

Црвенковски одлучи да се затвори дома и да пати, вели Петковски

Sase Ivanovski

Апасиев: Спикерското место во Парламентот е моќна позиција, не за џабе Груевски не го даде

Sase Ivanovski

Штип одбележа 23 години од загинувањето на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Sase Ivanovski

Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите, Северна Македонија прворангирана од земјите во регионот

Sase Ivanovski

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми

Sase Ivanovski

Македонија е најдобро рангирана во регионот според Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

3 мај светски ден на медиумите

Sase Ivanovski

Повторно отворен мостот “Беласица”

Sase Ivanovski

ПОПУЛИЗМОТ Е КАНЦЕР ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ДРЖАВИ – Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Sase Ivanovski

Меџити одговора на иронијата на Ахмети: Никој не е недопирлив

Sase Ivanovski

Едно лице се тепало со четворица, пресметка во прилепско

Sase Ivanovski

Поради сообраќајна несреќа: Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип

Sase Ivanovski

СРБИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ СЕ ЗАПУКАА ЖЕСТОКО

Sase Ivanovski

Мисајловски: Нова детска градинка и амбуланта во Бутел!

Sase Ivanovski

Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром

Sase Ivanovski

Пронајдете го вашиот нов дом во некој од новите објекти на Golden Art

Sase Ivanovski

МАТРИКСОТ ВЕЌЕ ПОСТОИ, ЗАСЕГА САМО ВО ХОНГ КОНГ

Sase Ivanovski

Гардероби во Сити мол. Ни Европски пат со СДСМ ни Твоја Македонија со ВМРО. Ние другари мои сме ептен згрешени во главите

Sase Ivanovski

ЛЕГЕНДАРНО ФОТО: Пред 20 години, Металика одржале концерт во затворот Сен Квентин

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: На велики Петок во црквата Св. Јован во Бутел. Најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите

Sase Ivanovski

ЃОРЃИ СПАСОВ: Силјановска е македонскиот Среќко Шоиќ

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Празниците се само потсетник дека секој ден треба да бидеме солидарни и да им помагаме на нашите социјално загрозени сограѓани.

Sase Ivanovski

ИНТЕРЕСЕН КОНЦЕПТ, ЗОШТО ДА НЕ?

Sase Ivanovski

Стојаноска: Мултиетнички Гостивар да се обедини околу ВМРО-ДПМНЕ и така сплотени да и го зададеме последниот удар на оваа криминална власт

Sase Ivanovski

Димитриевски во „Аргумент плус“ потенцира – ЗНАМ ќе се води од националните и државни интереси во  идните коалиции за влада на Македонија

Sase Ivanovski

Битиќи: Тврдам дека ако остане СДСМ на власт, во март 2025 минималната плата ќе биде 30 илјади денари

Sase Ivanovski

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Sase Ivanovski

Мицкоски во Тетово: Подеднакво ќе работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри

Sase Ivanovski

Битиќи: Сценариото во кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги билдаат рејтинзите не нуди ништо на граѓаните

Sase Ivanovski

Стојаноска: Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството

Sase Ivanovski

Странските агенции за новата влада на Србија: Враќање на проруските политичари

Sase Ivanovski

Бакојани: Сите беа свесни за моите посебни врски со српскиот народ

Sase Ivanovski

НАТО: Загрижени сме поради хибридните напади од Русија

Sase Ivanovski

Турција ги прекина сите трговски односи со Израел

Sase Ivanovski

(ФОТО) Камион без возач се преврте над толпата деца во Киргистан

Sase Ivanovski

Насилни протести во Лондон против преместувањето на барателите на азил, уапсени 45 лица

Sase Ivanovski

Станбена криза во Холандија: паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра

Sase Ivanovski

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Sase Ivanovski

Европски фронт: Завршниот митинг ќе се одржи на 5 мај на плоштадот во Тетово

Sase Ivanovski

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Sase Ivanovski

Најголем дел од новинарите во земјава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната

Sase Ivanovski

Операција „Пандора“ на Европол: Затворени 12 кол- центри за телефонски измами

Sase Ivanovski

Родители се испотепале поради недоразбирање на нивните деца

Sase Ivanovski

Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира

Sase Ivanovski

Нема да ги отстранувам таблите Северна Македонија, но ќе го употребувам само Македонија, истакна Силјановска

Sase Ivanovski

Држава со посебни потреби!

Sase Ivanovski

Пендаровски не ја извисил Силјановска. МТВ го поканила, но од неговиот тим им одговориле дека понудените термини не им одговараат

Sase Ivanovski

Тренчевска: Не ја казнувајте државата заради тоа што одредени функционери грешеа, зад нас имаме сериони резултати

Sase Ivanovski

Одлучено е да се вратат старите цени на осигурителните полиси при регистрација на возила

Sase Ivanovski

Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус

Sase Ivanovski

Џабир Дерала добитник на германската награда – Солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024 година

Sase Ivanovski

САД соопштија дека случајно убиле цивил за време на напад со дрон во Сирија

Sase Ivanovski

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Не стивнува интересот за купување станови, зголемена побарувачка на станови во Штип

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Нина Шерифовска од Малиќи Груп со препорака за развој на женско претприемништво

Sase Ivanovski

Гоце Цветановски: Продадов стан за да го направам првиот наш долгометражен цртан филм

Sase Ivanovski

ЗА ЕДНА ГОДИНА “СЕ РАЃААТ” ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

Sase Ivanovski

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

Sase Ivanovski

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

Sase Ivanovski

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: Инфлацијата и истрошениот буџет се најголемите предизвици со кои на стартот ќе се соочи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СИЛЕН НАПАД ВРЗ ОДЕСА Ракетите пристигнаа веднаш штом Украина доби нова муниција

Sase Ivanovski

ВИДЕО: „НАЈГОЛЕМИ ДЕМОНСТРАЦИИ ОД ВИЕТНАМ ПА НАВАМУ“ Бројот на уапсени студенти во САД надмина 300

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Кампања на „Барби“: Како општеството создава јаз во соништата помеѓу девојчињата и момчињата

Sase Ivanovski

ГАЛЕРИЈА: Највредните фрески во историјата на уметноста (прв дел)

Sase Ivanovski

„ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ПРИФАТИ ДА ПЛАТИ ОТШТЕТА ОД 6,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ 100.000 жени ја тужат дека добиле рак на јајници од нејзината пудра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТИТО ПЕТКОВСКИ ГО БРАНИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: НИТУ ЈАС 2006-ТА, НИТУ СЕГА МАКСИМ Е КРИВ ЗА ПОРАЗОТ НА СДСМ!

Sase Ivanovski

Спасовски не отфрла коалиција со ДУИ, иако знае дека граѓаните им замеруваат – го осуди скандирањето „УЧК, УЧК”

Sase Ivanovski

Пендаровски: Ќе продолжам да работам за стабилност на меѓуетничките односи, како гаранција за безбедност на државата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Неодговорно и опасно е да се игра на картата на национализам

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: Знам дека е тешко кога на Македонец ќе му го спомнеш Учк, но тоа име веќе е дел од поновата историја и не смее да биде табу тема

Sase Ivanovski

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство

Sase Ivanovski

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Сетете се на 11те години заробена држава, заробени медиуми, замолчани вработени во јавен сектор и истепани студенти

Sase Ivanovski

Пендаровски: Запрепастен сум од реториката на Силјановска во однос на настаните од 2001 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГО СПРЕЧИМЕ ПОНАТАМОШНОТО ДОСЕЛУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ, СО ПРОЕКТ КУПИ КУЌА, СО СУБВЕНЦИЈА ОД 50%, ЌЕ ОХРАБРИМЕ КУПУВАЊЕ КУЌИ НАДВОР ОД СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата „Вреди“ за „бугарскиот воз“ во Липково

Sase Ivanovski
Вчитувам....