Колку вредат националните интереси на оваа држава? Неколку илјади евра? Неколку илјади јуани?
Да прифатиш да ставиш потпис на договор со странска амбасада кој што го содржи зборот ПРОПАГАНДА во време кога Македонија се обидува со сите сили да се зачлени во евроатлантските институции е во најмала рака срамно и неетички. Уште од вчера се обидуваме да стапиме во контакт со странската амбасада за да добиеме одговор за каква пропаганда плаќаат а бараат договорот да биде таен но никако да добиеме одговор.
Што е најжалосно овие пари се исплаќаат на многу кредибилен онлајн медиум. Како после обичниот граѓанин да верува во новинарство?
Како да верува во сопствената држава ако е бомбардиран со пропаганда од сите страни?