Делегација на АЛДЕ која беше предводена од европратеникот Илхан Ќучук, заедно со заедно со претставници на македонската Либерално демократска партија остварија средби со Александар Корниенко, прв заменик претседател на Врховната Рада на Украина.
На состанокот се разговараше за развојот на војната и меѓународната соработка за поддршка на Украина, особено на вознемирувачката ситуација во нуклеарната централа Запорожје.
„Како пратеник и потпретседател на Либерална Демократската партија бевме први кои што во собранието јавно се боревме да се осуди воената агресија која што Русија ја врши врз Украина. Од таа агресија не е погодена само Украина но цела Европа вклучувајќи и нашата земја кога ќе ви стигнат поголеми сметки за електрична енергија или се прашувате зашто е поскапена цената на лебот, маслото и основните продукти, односно зошто е толку голем процентот на инфлација и зашто не очекува силна енергетска криза тогаш одговорот може да го најдете гледајќи ги овие снимки позади мене и затоа сите јавно треба да осудиме агресијата. НЕ за ваквите слики кои што ги гледаме околу и НЕ за војна“, рече Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП и пратеничка.
Војната во Украина се води уште од февруари, а Емил Кирјас, потпретседател на Либерална Интернационала, кажа дека Украинците страдаат и мора Европа да го крене гласот поради тоа.
„Украинците навистина страдаат со своите животи не бранат сите нас и мора да бидеме гласни, мораме да бидеме обединети затоа што ова лудило мора да запре, таа агресивна политика на Кремељ мора да има крај и затоа сме тука не само да ги подржиме Украинците туку да ги подржиме сите оние кои што се борат за тие вредности кои што сите ние ги споделуваме, сакаме да живееме во слобода, самите да определуваме за своите животи никој да не ни ги збришува нашите нации тие постојат ќе постојат и затоа сме сите обединети заедно на континентот“, додаде Кирјас.