Се завршува првата фаза од реконструкцијата на улицата Тодор Александров која води кон Водно. Со овој проект се обновува површина од 18.580 м2 на должина од 2820 метри, и воедно целосно се обновува и системот за одводнување, вклучително и нивелирање на шахтите и сливниците.
Барањето за реконструкција на оваа улица по која секојдневно се движат илјадници заљубеници во природата кон Водно, е истакнато како децениски проблем со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот при движење по коловозот.
Изведбата на градежните зафати на овој проект за реконструкција на улицата Тодор Александров ги изведува Јавното претпријатие “Улици и патишта”, додека Јавното претпријатие “Паркови и Зеленило” едновремено отпочнува со акција за зазеленување со нови садници, реконструкција на видиковци и еко урбана опрема на потегот кон Средно Водно.
#ЗаМодерноСкопје Фејсбук статус на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.