Јас Даниел Стојчевски како носител на пратеничка листа во изборна
единица број 2 на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија истакнувам дека
имаме експертиза за изградба на општество во кое се вреднува и почитува
различноста на секој граѓанин. Време е да ги укинеме бариерите што ги
одвојуваат најранливите категории на маргините на нашата држава,не само
декларативно туку со конкретни решенија. Нашиот ангажман на локално
ниво, особено во Општина Куманово, каде активно покажавме како никој не
треба да биде заборавен, потврдува дека нашата посветеност кон реформи
и трансформација на општеството е искрена и реална и спремни сме
промените да ги примениме на државно ниво.
Имаме јасна визија која е преточена во нашата програма за унапредување
на човековите права и за елиминирање на дискриминација од било кој вид.
„Секој чекор кон еднаквост е чекор кон посилна Македонија.“ Ние сме тука
да го слушнеме гласот на народот и да овозможиме, секој граѓанин, без
разлика на физичките или социјални ограничувања, да има еднаков пристап
и еднакви можности за учество во економските, социјалните и правните
аспекти на општеството. Ова не само што е право, туку е и фундаментален
столб на социјалната правда и сигурност за сите наши сограѓани.
Се соочуваме со значителни предизвици, вклучувајќи социјална нееднаквост
и сиромаштија, иселување на младите и незадоволство од постоечкиот
систем. „Нашата младина е нашата иднина; нивното заминување е наша
најголема загуба.“ Младите ќе останат во Македонија само ако системот
започне да функционира. Овие проблеми бараат, смели и решителни
дејствија, заедно со суштински реформи кои ќе ги мотивираат младите да
ги бараат своите можности тука, а не надвор од границите на Македонија.
Основни цели и задачи на движењето ЗНАМ за наша Македонија се:
– Почитување на човековите права на лицата со попреченост и други
ранливите категории
– Недискриминација на лицата со попреченост и други ранливи групи
– Економска, социјална и правна заштита
– Социјална правда и социјална сигурност
– Дејствување и работа на заштита на лицата со попреченост ,
– Покренување на граѓански иницијативи за измени и дополнување на
постојните законски прописи и донесување на закони со цел да се подобри
квалитетот на заштита на лицата со попреченост и другите ранливи групи.
„Не смееме да стоиме по страна додека нашите најранливи сограѓани се
борат за своето основно право на достоинствен живот. Тие се столбовите
на нашата држава, и нашата одговорност е да ги поддржиме и им овозможиме
подобар живот .“ Од Движењето ЗНАМ сме цврсто посветени на иницирање на
законски измени и на донесување на нови закони кои ќе го подобрат
квалитетот на живот за сите, особено на ранливите групи. Нашите заложби
и иницијативи се насочени кон тоа да работиме не само на локално, туку и
на државно ниво.
Нашите решенија се со прецизни рокови,издржани и реални проекти за
системска грижа и социјална политика за решавање на децениските
проблеми на лицата со попреченост и други ранливи групи.
„Само Заедно, можеме да градиме посилна и поединствена Македонија. Да ги
цениме нашите разлики како наша најголема сила!“
Видео линк: