

Д-р Горан Ковачев од Развојната банка на Република Северна Македонија имаше гостинско едукативно предавање пред студентите од Факултетот за економски науки како дел од предметот Банкарство, при што говорејќи за почетоците на банката истакна дека нејзината мисија е преку понуда на финансиски производи да се создаде амбиент за подобрување на конкурентноста, поддршка на извозот, економски раст и развој на домашните компании;


