#RIP #Џаро….
Ме научи да јадам Плазма кекс.
Ми го донесе Даниел Поповиќ на роденден у 6 – то одделение да ги импресионирам другарките и го запозна со Баба ми.
Здравко Чолиќ и го донесе на мајка ми дома и ја подмоча.
Секад имав карти за концерти шо ги организираше ти или било кој у Скопје со што бев главен шизик у школо.
Две години те возев и обезбедував после ударот кога ти беше најтешко ….
Поко ти беше кум, Татко ми другар.
Беше чуден и многу луѓе заеба. Мене не.
Почивај во мир.
Ваљда горе ќе го најдеш мирот кој тука го немаше.
П.С.
Најголем пораз од блискоста со Џаро ми беше сознанието дека и мафијашите ценат чест, збор, имаат образ – за разлика од политичарите.