Граѓаните на Скопје кои ја дадоа својата поддршка на изборите сакаат да видат на четвртина од мандатот што сработила Арсовска и дали отпочнала реализција на нејзината програма „За модерно Скопје“.
Арсовска ветуваше почист воздух, нови сообраќајници, 5 булевари, кружни текови, паркови, активности за изградба на жичарница од Скопје до Средно Водно, почести и продолжени линии на јавен превоз и многу други проекти кои треба да го модернизираат Скопје. Сето тоа се очекува и да го реализира, а во првата година барем да има некаков почеток на реализација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.