Алехандра Мариса Родригез има 60 години и е новата Мис Универзум на Буенос Аирес. Алехандра, по професија новинарка и адвокатка, ја освои титулата за најубава жена во Буенос Аирес, со што се квалификуваше за натпреварот Мис Универзум Аргентина.
Алехандра доби шанса да се натпреварува на изборот за Мис Универзум откако старосната граница, која беше во сила од 1958 година, беше укината на крајот на 2023 година, што значи дека натпреварот повеќе не е ограничен на учесници на возраст меѓу 18 и 28 години. на натпреварот за убавина се бара само тие да бидат полнолетни. Убавата Алехандра видела можност, се пријавила и без разлика на своите години, победила во конкуренција на многу помлади девојки.
– Многу сум возбудена и почестена што ја освоив титулата. Сакам да им покажам на сите жени дека убавината не е поврзана со годините и дека можеме да ги скршиме бариерите – изјави најубавата жена на Буенос Аирес.