Текстот тврди дека „наодите на Никсон се слични на оние во Нов Зеланд, Германија, Шпанија и Јужна Кореја“.Никсон е доктор кој работи во Бризбејн, Австралија, со посебен интерес на дијабетесот, кардиоваскуларните болести и менаџментот на овие состојби. Но, тој не е првиот кој почна да ја шири дезинформацијата дека во вакцините на Фајзер, наводно има нанотехнологија, односно некакви роботи коишто составуваат објекти во човековото тело.Проверувачи на факти од Нов Зеланд пишуваа за идентични тврдења, само изнесени од страна на друго лице. Тогаш, доктор од Нов Зеланд тврдеше дека вакцините против ковид-19 содржат микроскопски електронски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните. Но, ова тврдење е невистинито.На листата на состојки на вакцината на Фајзер која што е објавена од Медсејф, регулаторно тело за вакцини во Нов Зеланд, нема такви компоненти. Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните, експерти по имунологија ги нарекуваат чиста фантазија и бесмислица. Извесен доктор Мет Шелтон тогаш тврдеше дека во вакцината на Фајзер има наночестички кои се составуваат во телото (поточно тврдеше дека има микроскопски само составувачки електронски компоненти регуларни геометриски форми кои никогаш не се појавуваат во природата), по што стотици измамени граѓани кои поверуваа во оваа невистина повикуваа на детоксикација на вакцинираните за, како што велеа, да ги извадат овие несакани тешки метали и слободни радикали надвор од телото.Потоа медицинскиот совет на Нов Зеланд ја прогласи неговата суспензија заедно со двајца други доктори, поради тоа што го истражувале нивното однесување со пациентите во контекст на ковид пандемијата.Од Фајзер за проверувачи на факти од Нов Зеланд велат дека на нивната листа на состојки нема електронски компоненти во склоп на составот.Експерти тврдат дека наводите за нанотехнологија во вакцините против ковид-19 се невистина.