19.8 C
Скопје
26/04/2024 21:03
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: Кризата е можност за енергетска трансформација, Северна Македонија може да е хаб на зелена енергија

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денска одговарајќи на пратеничко прашање посочи дека државата има план и стратегија за обезбедување енергетска стабилност, но и зелена трансформација на земјата. Премиерот рече дека оваа Влада е насочена кон темелни промени во сите сегменти меѓу кои и енергетиката.„Со поставувањето на ова прашање кое доаѓа од пратеник од редовите на владејачката партија, партијата чиј лидер сум јас, уште еднаш како Влада ја потврдуваме нашата висока свест за потребата да се направат темелни промени со кои ќе го обезбедиме она што е најдобро за граѓаните и за државата е врвен приоритет. Јас веќе неколку пати јавно кажувам, еве и уште еднаш овде од собраниската говорница ќе повторам – со војната во Украина, се променија приоритетите на државите, не само на нашата, туку на сите. А темата енергетика стана една од клучните теми на кои е фокусиран целиот свет, без која не поминува ниту еден состанок, ниту една средба на лидерите од регионот и ЕУ.Оваа војна нé натера да размислуваме за долгорочни решенија за справување со енергетската криза која последната година ја погоди цела Европа па и светот, но и да разговараме за краткорочни со кои успешно ја менаџираме енергетската и криза и неизвесност.Ова е одлична можност да се искористат ресурсите од зелена енергија со кои располагаме ние земјите од Балканот, особено и нашата држава, но истовремено и одлична можност целиот регион да се развива како нова енергетска сила. Ова е можност заеднички да ја искористиме глобалната енергетска криза за да ги претвориме нашите држави во центар на зелена енергија што ќе го снабдуваат со струја, не само својот сопствен пазар, туку и регионот и земјите пошироко.Но, би сакал најпластично да објаснам како изгледа таа социјално еколошка транзиција во услови на растечка инфлација, во услови на недостаток на енергенси и во услови на работа со капацитети кои се изградени пред повеќе од 40 години, во времето на Југославија.Најголемиот удар врз дисбалансот на пазарот на електрична енергија, дојде после војната којашто Русија ја објави во Украина. При што дојде до недостаток на енергенси во Европа и тоа пред сè гасот од кој зависи и производството на електрична енергија и снабдувањето со електрична енергија. Од еден пазар на електрична енергија којшто беше стабилен, сега имаме нестабилен пазар на електрична енергија којшто нема доволно количини на електрична енергија за земјите од Европа и затоа и цената на енергенсите е толку висока.Во такви услови, во време кога се случуваат меѓусебно поврзани кризи, она што треба да се направи според мене, треба да се базира на три принципи, а тоа е соработка, инвестиции и солидарност.Енергетската криза која е најголема и главно како резултат на воената агресија на Русија врз Украина, ја погодува економијата, бизнис секторот, граѓаните и тоа е така насекаде во светот, не само кај нас. Енергетската криза, не само што ги погоди земјите со снабдување на струја и гас, дополнително направи некои земји да се соочат и со недостаток на храна.  Регионот може да ја надмине енергетската криза само со тесно координиран пристап за енергетска диверзификација, како и забрзување на воведување на капацитети за производство на енергија од обновливи извори на енергија, но и извори на базична енергија, односно нови енергетски капацитети. Ние не смееме да заборавиме, никој од нас дека 30 години, 31 година без разлика која политичка опција ја водела државата, не е инвестирано во ниту еден голем енергетски капацитет во државата, а исто така не е инвестирано ниту во електро преносната мрежа во државата. Тоа се двете области во кои мора да се прават сериозни инвестиции.Увозната зависност од енергија и енергенси се движи помеѓу 17% и 73%, во некои држави.Кога зборуваме за енергетската диверзификација, а во контекст на војната во Украина, тука всушност разговараме за проекти за диверзификација на изворите на снабдувањето со енергија.Веќе се работи, на поврзување на регионот со изворите на природен гас во Азербејџан, преку Трансјадранскиот гасовод ТАП, Транс анадолскиот гасовод ТАНАП, со кој регионот на Југоисточна Европа во кој спаѓа и Западен Балкан и нашата држава, ќе добијат дополнителни количини на природен гас и нема да зависат само од еден извор, односно од рускиот гас.Северна Македонија заеднички со нашите соседи Грција и Бугарија работиме на изградба на терминал за течен природен гас во Александрополи, со кој ќе се обезбеди дополнителна диверзификација со количини на гас кои можат да пристигнат од било која држава која извезува ваков гас, како што се САД, Катар, Алжир итн.Но, мислам дека повеќе од сигурно и извесно е дека иднината и за енергетската трансформација, но и енергетската независност е во обновливите извори на енергија.Јас често потенцирам дека ние како земја посветени сме на енергетската транзиција, затоа што знаеме дека тоа е иднината и за енергетска независност, но и за заштита на животната околина. И затоа само во мандатот на мојата Влада, пуштено во употреба имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи во државата што е повеќе за 11 мегавати од она што беше направено вкупно за 11 години претходно. Тоа имаше 16 мегавати инсталирано, сега има за 10 месеци има 27 мегавати, пуштени на мрежа.Северна Македонија има 280 сончеви денови и најдобра сончева инсулација мерена според ефикасноста на производство на електрична енергија не во регионот, не во Европа, во светот.Јасно е дека живееме во криза, тоа е и време на можности.Тука, во моментов ја гледам можноста да ги претвориме нашите држави во центар на зелена енергија што ќе го снабдуваат со струја не само нашиот пазар, но и пошироко.Во моментот ние како земја сме во фаза на финализирање на преговори со неколку стратешки инвеститори за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна електрана и тоа со реномирани големи европски компании, од Франција, Германија и Грција затоа што нашата иднина во производството на електрична енергија ја гледаме токму во обновливите извори на енергија. Тие преговори не се лесни, бидејќи цената на енергенсите на електрична енергија не е конзистентна, а тие договори треба да бидат 15 – 20 годишни и тимот на Владата работи на преговори со овие инвеститори кои треба да инвестираат сериозни финансиски средства во изградба на овие капацитети. Штом ќе бидат завршени сите преговори, тие стратешки инвестиции ќе бидат доставени до вас, до пратениците на финално одобрување.  Во однос на енергетската транзиција мора да ја споменеме енергетска транзиција на нашите енергетски системи, меѓутоа мора да внимаваме и да ја направиме таа транзиција да биде колку што може поправедна. Сите се сеќаваме на приватизациите и преминот од стариот социјалистички систем во пазарни економии. Не треба да ни се случи истото и луѓето да останат на улица, без работа. Јас тоа нема да го дозволам, ниту пак Владата ќе дозволи.Јас сум одговорен човек и Владата што ја предводам носи решителни одлуки, но ничија егзистенција и работно место нема да биде загрозено. Зборувам за работниците кои сега работат во електро енергетскиот систем.Во Северна Македонија, ја правиме првата енергетска транзиција на термоелектраната „Осломеј“, каде веќе изградивме една фотонапонска електрана од 10 мегавати, пуштена во употреба, а веќе се во изградба 2 од 50 мегавати преку ЈП партнерство и уште една ќе започне со проектирање од 10 мегавати. Со тоа 120 мегавати енергија од јаглен ќе биде заменета со енергија 120 мегавати од сонце.Во моментот се изработува Акциски план за праведна транзиција на Северна Македонија во која точно се таргетирани нашите два региони со јаглен и кои мерки треба да се спроведат од социјален и економски аспект.Но напоменувам дека оваа трансформација која се одвива на повеќе нивоа секако нема да е на штета на работниците. Преку различни модалитети ќе се обезбеди и енергетската трансформација и ќе се заштитат и трансформираат работните места на работниците кои работат. При што оние кои работат ќе ги дочекаат своите пензионерски денови, но и ќе се отворат нови работни места за нови технологии кои ќе работат во новите централи каде што младите ќе можат да ја најдат својата професионална иднина.Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа во Северна Македонија со капацитет 17 МW во Свети Николоско, изградена од страна на компанијата од Словенија „Ген-И“, а во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кој се потпишани договори во изминатите две години.Јас ќе одам на увид заедно со германскиот Претседател за 2 дена на проширувањето на капацитетот на ветерниот парк во Германија, а исто така во Свети Николе веќе се носат турбините за 25 мегаватен ветерен парк.Сето ова е дел од транзицијата која што е почната, ќе продолжи и ќе нé направи зелен енергетски центар на Европа“, рече премиерот Ковачевски.

   

    

Најново

(ВИДЕО) МАКСО: АКО САКА ВМРО ДПМНЕ КОАЛИЦИЈА СО НАС ЌЕ МОРА ДА СЕ ДОРЕФОРМИРА ОД НЕКОИ КАДРИ КОИ СЕ ИЗВАЛКАНИ ОД ГРУЕВИЗМОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: СО СДСМ НЕМА ШАНСИ ЗА КОАЛИЦИЈА, СО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ВИДИМЕ

Sase Ivanovski

Димитриевски на Сител: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Sase Ivanovski

Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија, затоа на 8 мај да се обединиме за бројот 2 и да ги срозиме за сите криминали и катастрофални политики

Sase Ivanovski

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

Sase Ivanovski

ЧУДНО ВИДЕО ОД СВЕТИ САВА ВО БЕЛГРАД: ВЕРНИЦИ СЕ КЛАЊААТ И СЕ КРСТАТ ВО ИСТО ВРЕМЕ?!

Sase Ivanovski

Ердоган: Нетанјаху, како и убијците пред него, срамно го запиша своето име во историјата!

Sase Ivanovski

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори, презентирана платформа 1198 и побарана поддршка

Sase Ivanovski

Косово е политички феномен. Прва мнозински муслиманска земја која легализира истополови заедници. Дури неверојатно звучи

Sase Ivanovski

Бугарскиот медиум  „Фактор“ ја анализира средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Николај Валканов, поранешниот  потпретседател на „Мултигруп“

Sase Ivanovski

Порака од Атина до македонските политичари: Спроведувањето на Преспа е услов за патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Белгиски медиуми: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е крај за европскиот сон на Македонија

Sase Ivanovski

Мерко не се појави на судењето за набавка на луксузното Aуди А6

Sase Ivanovski

Ќе се крати рокот за одлучување – дисциплинските постапки за судиите нема да може да се чуваат во фиока

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ЗАПАЛИ СПРАТ ОД КУЌА ПОЗАДИ УНИВЕРЗАЛНА, НЕМА ЖРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИНДИКАТИТЕ ПРЕКИНАА ГОВОР НА ЏОРЏА МЕЛОНИ, ПОЧНАА ДА ЈА ПЕАТ РАБОТНИЧКАТА ХИМНА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИРОМАВ ЧОВЕК, ЖИВ ЃАВОЛ

Sase Ivanovski

Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот

Sase Ivanovski

Дилетанти во напад – Професорката Силјановска Давкова треба да им рече ФАЛА!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Sase Ivanovski

САМО ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ КАКО ШТО КАЖА АНТЕ МАРКОВИЌ

Sase Ivanovski

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 еур за отворање на е-продавница

Sase Ivanovski

Маричиќ: Евроинтеграцијата е премногу важна цел за да се потклекне пред предизвиците

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на ЕБР и ЕОП: Поддршка до специјалните единици бидејќи ти се првиот столб на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата

Sase Ivanovski

Русија ѝ се закани на Полска:„Тие ќе бидат први на списокот на нашето воено планирање“

Sase Ivanovski

21 Политичка партија ја потпишаа Заложбата за заедничка акција против нелегалната сеча и уништување на шумите во Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Sase Ivanovski

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Sase Ivanovski

За 15% поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

Sase Ivanovski

Сонот на штипјани станува реалност – браната Отиња го решава водоснабдувањето на градот

Sase Ivanovski

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност

Sase Ivanovski

Не е точно дека директорката на Токсикологија оди на работа по 4 часа дневно и дека се паркира на влез од Клиниката, рече министерот за здравство

Sase Ivanovski

КОЛОЗОВА: ЧАО ЕУ, ДОБРЕДОЈДЕ ЕУРОАЗИЈА

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник

Sase Ivanovski

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Sase Ivanovski

Абдиу Халили – Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Sase Ivanovski

Унијата на млади претприемачи со повик до партиите – поголема поддршка на младите претприемачи во Македонија

Sase Ivanovski

Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници

Sase Ivanovski

Први мај и вториот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест

Sase Ivanovski

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Sase Ivanovski

Кривична пријава против директорка на градинка во Велес, за употреба на лажен сертификат

Sase Ivanovski

Загина 20-годишно момче од Прилеп: со неговото возило се судрил со камион

Sase Ivanovski

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите

Sase Ivanovski

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за регистрација на возила, на граѓаните да им се компензираат парите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: Тимот студенти од правен факултет од Приштина меѓу топ 3 во светот, ги победија елитните Харвард, Кембриџ, Колумбија, Оксворд и Јејл

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Пукнато парно ја поплави Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Sase Ivanovski

И Николоски од Струмица го повика Таравари да формираат влада

Sase Ivanovski

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово кадешто имаше технички проблеми

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА СО НАЈМНОГУ ДОНАЦИИ ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА, ПЕНДАРОВСКИ СО НАЈМАЛКУ

Sase Ivanovski

Новинарите на италијанската државна телевизија ќе штрајкуваат поради „задушувачката контрола“ од владата на Мелони

Sase Ivanovski

Зајкова: Сметам дека оваа коалиција ќе биде победничка

Sase Ivanovski

МФ: Одржана седница на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност со цел разгледување на одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата

Sase Ivanovski

Анкета: Половина од новинарите во Србија подлегнале на самоцензура, третина се соочиле со закани

Sase Ivanovski

Нигерија: Над 100 затвореници избегаа откако дождовите го оштетија затворот

Sase Ivanovski

Војската на Буркина Фасо масакрирала 223 селани во одмаздничка акција

Sase Ivanovski

Варшава го отповика полскиот командант на Еврокорпус поради истрага за шпионажа

Sase Ivanovski

Велигденски концерт во црквата ,,Света Софија” во Охрид

Sase Ivanovski

Путин: Руската економија станува посилна и покрај сите предизвици

Sase Ivanovski

Нема договор меѓу Белград и Приштина за користење на динарот, нова рунда преговори на 13 мај

Sase Ivanovski

Поскапе регистрацијата на возила – ова се новите цени

Sase Ivanovski

Египет предупредува на „катастрофални последици“ додека се наѕира офанзивата во Рафа

Sase Ivanovski

Девојка (19) во Украина се обидела да си го продаде синот за 23.500 евра

Sase Ivanovski

Подобро да бидам најлошиот на светот, отколку да направам нешто против мојата Србија!

Sase Ivanovski

Брод на кралската морнарица соборил ракета истрелана од Хутите

Sase Ivanovski

СДСМ: Jа слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ние ќе продолжиме да се бориме

Sase Ivanovski

Зеленски им се заблагодари на Џонсон и Шумер за американската помош за Украина

Sase Ivanovski

Уапсен украински министер, осомничен за корупција

Sase Ivanovski

Маскиран со фантомка и со автоматска пушка ограбил казино во тетовско: Притвор за 28-годишен разбојник

Sase Ivanovski

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Sase Ivanovski

Кина со предупредување до САД: Не ги преминувајте црвените линии!

Sase Ivanovski

ДЕНКО МАЛЕСКИ: ГНЕВОТ НА НАРОДОТ МОРА ДА СЕ ИЗВЕНТИЛИРА, НА ВМРО ДПМНЕ МОРА ДА МУ СЕ ДОЗВОЛИ ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ИНАКУ НЕ НИ БЕГА ГРАЃАНСКА ВОЈНА!

Sase Ivanovski

Исмаили: Верувам дека може да ја направиме промената

Sase Ivanovski

Зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании, смета Агенцијата за супервизија на осигурување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПУТИН ГО УАПСИ ЗАМЕНИКОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РУСИЈА ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО ОД 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: ЖИВЕЕЛ КАКО МИЛИЈАРДЕР СО ЈАХТИ СО ДИЈАМАНТИ, АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ ГО ОТКРИ НЕГОВИОТ КРИМИНАЛ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со видео надзор општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Sase Ivanovski

Волонтери собраа два камиони ѓубре кај Аквадуктот – „Од депонија стана рај“ (ФОТО)

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ВО НЕДЕЛА ЌЕ ОДРЖИ ПАРТИСКИ КОНГРЕС ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС

Sase Ivanovski
Вчитувам....