7.8 C
Скопје
27/04/2024 05:59
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: Расте цената на тутунот, откупот стартува со над 30% повисока цена, владините мерки за развој на тутунопроизводството даваат позитивни резултати

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачески, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Прилеп имаа средба со дел од земјоделците производители на тутун и го посетија откупниот пункт за тутун во рамки на Тутунскиот комбинат во Прилеп. Согласно податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, оваа година како што изјави премиерот Ковачевски, откупот на тутунот започнува со зголемена откупна цена над 30% споредено со минатата година. Пораст има и во делот на склучени договори за откуп и планирани количини за откуп на тутун.Во продолжение Ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски.„Денеска од тука, од Прилеп, од најголемиот центар за производство на тутун, го означуваме почетокот на откупот на тутунот од реколтата 2022 година.

Денешниот ден го започнав со средба со луѓето кои се најважни во оваа наша традиционална земјоделска гранка – со тутунопроизводителите. Имав можност да разговарам со дел од нив од прилепскиот регион за годинешната реколта, за откупната цена, за владините мерки но и за нивните предлози за понатамошен развој на производството на тутун во овој регион.

   

Според официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство, со задоволство можам да кажам, дека оваа година откупот на тутун започнува со позитивни податоци: повисока откупна цена, повеќе склучени договори, поголемо планирано количество за откуп, подобар квалитет на тутунот.Годинава откупот на тутунот стартува со над 30% повисока цена споредено со лани. Односно откупната цена за килограм тутун е 261 денари, за разлика од лани кога била 200 денари за килограм. Ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните 10 години! Ќе кажам еден податок што ја потврдува мојата констатација – а тоа е дека од 2014 година до денес откупната цена на тутунот е зголемена за 115,7 %.Пораст има и кај бројот на склучени договори. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од минатата година кога биле склучени 27.712 договори. Оваа година се очекува да се откупи околу 21.000 тони тутун што е за над 10 % повеќе од лани кога се откупиле 18.600 тутун. Имаме тутун со подобар квалитет во однос на минатата година.Овие стартни податоци ветуваат успешен откуп на тутунот, што крајно значи бенефит и за државата и за тутунопроизводителите да продолжат да вложуваат во производството, да придонесуваат за развојот на оваа земјоделска гранка.

 

Ваквите бројки се доказ дека мерките кои што оваа Влада ги презема за тутунопроизводството, даваат позитивни резултати. Тутунот е наша традиционална но и извозно ориентирана земјоделска гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка, и затоа секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, да имаат стабилно и одржливо производство.За прв пат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Со тоа ги мотивиравме тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун, за да остварат повисока субвенција.  Паралелно со новиот модел за субвенции, се донесе и нов Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, со кој што се решија сите отворени прашања кои го оптоваруваа производството и откупот на тутун.
Покажавме дека интересите на тутунопроизводителите се врвен интерес на државата, дури и во услови на здравствена и економска криза, и тутунарите беа опфатени и со помошта од КОВИД програмата.Ова е сериозна посветеност и вистинска грижа на државата кон тутунопроизводството, кон целиот сектор земјоделство. Оваа Влада е на страната на земјоделците, на овие вредни луѓе, кои со своето производство имаат сериозен удел во производството на храна и во развојот на економијата.

   

     

Секогаш работиме за интересите на земјоделците, и во овој период на огромна енергетска криза заеднички која владее во Европа, креираме мерки за помош на земјоделците, за зголемено производство на домашна храна.За прв пат, донесовме „Национален план за производство на храна“, кој содржи конкретни мерки за поддршка на овој важен сектор во време на криза и планот веќе се реализира. Планот содржи Интервентна програма во вредност од 900 милиони денари и конкретни мерки за зголемено производство на основни прехранбени производи, за увозна независност, мерки со кои ги поттикнуваме земјоделците максимално да ги искористат сите ресурси, секоја педа обработливо земјоделско земјиште во државата.За прв пат ресорното министерство подготви нов модел за распределба на земјоделските субвенции, со кој се решаваат сите долгогодишни проблеми на земјоделците, се овозможува брз систем за исплата на субвенциите кон земјоделците и спречуваат злоупотребите на субвенциите.Со новиот „decoupling систем“ земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите, дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, но и земјоделците кои од своето производство создаваат финален производ за продажба.Продолжуваме со истото темпо за развој на земјоделството и понатаму. Северна Македонија има ресурси, има плодна почва, идеална клима, вредни земјоделци, затоа и ќе продолжиме со владините мерки, да дадеме поддршка и земјоделството да е двигател на македонската економија“.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски рече дека откупот на тутунот тече во најдобар ред и дека оваа година е постигната рекордно највисока откупна цена на тутунот, 261 денари по килограм.„Драго ми е што со гордост можам да кажам дека откупот на тутунот тече во најдобар ред, и дека оваа година постигнуваме рекордно највисока откупна цена на тутунот, 261 денари по килограм. Склучени се вкупно 29.653 договори за производство на тутун, што е за 7% повеќе од лани. Зголемување имаме и на површините за тутун за 15% споредбено со лани. Оваа година согласно договореното производство, очекуваме да се откупат 25.850 тони што претставува зголемување за околу 10 % во однос на реализираниот откуп минатата реколта. Оваа година за прв пат се доделени договори на 29 корисници за набавка на модерна опрема за тутун, преку Програмата за рурален развој, Подмерка 121.7 „Набавка на опрема за производство на тутун“, со финансиска поддршка по корисник која изнесува 4,5 милиони денари. Ова е уште еден податок за нашиот сериозен пристап кон производството на тутун, имаме за прв пат реализација на подмерката насочена токму кон тутунопроизводителите. Токму сите овие факти се мотив да продолжиме да се грижиме за понатамошен развој на производството на тутун, заеднички да носиме одлуки и да сведочиме на ваков успех каков што имаме денес”, рече министерот Николовски.

    

Најново

ЛИДЕРОТ НА БОЈКОТИРАМ, САШО ПАНГОВСКИ: Најголем пораз од блискоста со Џаро ми беше сознанието дека и мафијашите ценат чест, збор, имаат образ – за разлика од политичарите

Sase Ivanovski

Мицкоски со порака од Кавадарци: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Sase Ivanovski

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со крената глава заедно одиме во вториот круг на изборите и очекуваме масовна поддршка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: НИЕ ЌЕ ИМАМЕ НАД 20 ПРАТЕНИЦИ, ВЛЕН ЌЕ ИМА ПОД 10!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: ДУИ НЕ ПОБЕДИ СО ГЛАСОВИТЕ НА РОМИТЕ И ТУРЦИТЕ, САМО ВЛЕН Е ЛЕГИТИМЕН ПРЕСТАВНИК НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕКТЕШИ: ВЕЧЕРТА НА 8-МИ МАЈ, ВО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ЈА БАРААТ МАЛА РЕЧИЦА НА ГУГЛ МАПС

Sase Ivanovski

Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Sase Ivanovski

Таравари: Мицкоски разбра каде е тежината на албанскиот глас

Sase Ivanovski

Нема да го спасуваме ова раководство на СДСМ од потопот, рече Димитриевски

Sase Ivanovski

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Sase Ivanovski

Ковачевски: Јасно ни е дека партијата треба да се менува, за да ја вратиме довербата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Банди на ДУИ нудат пари

Sase Ivanovski

Бектеши: Постои документ на кој се потпишани и Таравари и Ахмети, во кој пишува дека нема да прават коалиција со партија која нема да ги направи уставните измени

Sase Ivanovski

Филипче: Активистите се мобилизираат.Да ги подигнеме главите и да продолжиме да се бориме за она во што веруваме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТАРАВАРИ: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВМРО ДПМНЕ СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

СОФИСКАТА ПУБЛИКА ДОБИ ТРИ БИСА ОД ТРПЧЕСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ НА КОНЦЕРТОТ „МАКЕДОНИСИМО“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ РАСПАЛИ ПО АХМЕТИ: МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ ВО ПОЛИТИКАТА, ЗАТОА СЕ ОДНЕСУВА ВАКА ДИВЈАЧКИ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Sase Ivanovski

БИТИЌИ: „Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ЛОШО ГО МЕНАЏИРАВМЕ ИЗДАВАЊЕТО ПАСОШИ, ЈА ПРЕЗЕМАМ ОДГОВОРНОСТА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: И МИЦКОВСКИ ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ГРУЕВСКИ, СИТЕ ПОПУЛИСТИ ЗАВРШУВААТ ТРАГИЧНО

Sase Ivanovski

Маричиќ: СДСМ ќе се спротивстави на националистичкиот и популистички виор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: СДСМ СЕКОГАШ РАБОТИ ВО КОРИСТ НА ДРЖАВАТА А НА СВОЈА ШТЕТА, ЗАТОА СЕ СЛУЧИ ВАКОВ РЕЗУЛТАТ

Sase Ivanovski

СДСМ: Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество

Sase Ivanovski

Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати – власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: АКО САКА ВМРО ДПМНЕ КОАЛИЦИЈА СО НАС ЌЕ МОРА ДА СЕ ДОРЕФОРМИРА, ДА СЕ ТРГНАТ НЕКОИ КАДРИ КОИ СЕ ИЗВАЛКАНИ ОД ГРУЕВИЗМОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: СО СДСМ НЕМА ШАНСИ ЗА КОАЛИЦИЈА, СО ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ВИДИМЕ

Sase Ivanovski

Димитриевски на Сител: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Sase Ivanovski

Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија, затоа на 8 мај да се обединиме за бројот 2 и да ги срозиме за сите криминали и катастрофални политики

Sase Ivanovski

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

Sase Ivanovski

ЧУДНО ВИДЕО ОД СВЕТИ САВА ВО БЕЛГРАД: ВЕРНИЦИ СЕ КЛАЊААТ И СЕ КРСТАТ ВО ИСТО ВРЕМЕ?!

Sase Ivanovski

Ердоган: Нетанјаху, како и убијците пред него, срамно го запиша своето име во историјата!

Sase Ivanovski

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори, презентирана платформа 1198 и побарана поддршка

Sase Ivanovski

Косово е политички феномен. Прва мнозински муслиманска земја која легализира истополови заедници. Дури неверојатно звучи

Sase Ivanovski

Бугарскиот медиум  „Фактор“ ја анализира средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Николај Валканов, поранешниот  потпретседател на „Мултигруп“

Sase Ivanovski

Порака од Атина до македонските политичари: Спроведувањето на Преспа е услов за патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Белгиски медиуми: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е крај за европскиот сон на Македонија

Sase Ivanovski

Мерко не се појави на судењето за набавка на луксузното Aуди А6

Sase Ivanovski

Ќе се крати рокот за одлучување – дисциплинските постапки за судиите нема да може да се чуваат во фиока

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ЗАПАЛИ СПРАТ ОД КУЌА ПОЗАДИ УНИВЕРЗАЛНА, НЕМА ЖРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИНДИКАТИТЕ ПРЕКИНАА ГОВОР НА ЏОРЏА МЕЛОНИ, ПОЧНАА ДА ЈА ПЕАТ РАБОТНИЧКАТА ХИМНА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИРОМАВ ЧОВЕК, ЖИВ ЃАВОЛ

Sase Ivanovski

Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот

Sase Ivanovski

Дилетанти во напад – Професорката Силјановска Давкова треба да им рече ФАЛА!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Sase Ivanovski

САМО ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ КАКО ШТО КАЖА АНТЕ МАРКОВИЌ

Sase Ivanovski

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 еур за отворање на е-продавница

Sase Ivanovski

Маричиќ: Евроинтеграцијата е премногу важна цел за да се потклекне пред предизвиците

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на ЕБР и ЕОП: Поддршка до специјалните единици бидејќи ти се првиот столб на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата

Sase Ivanovski

Русија ѝ се закани на Полска:„Тие ќе бидат први на списокот на нашето воено планирање“

Sase Ivanovski

21 Политичка партија ја потпишаа Заложбата за заедничка акција против нелегалната сеча и уништување на шумите во Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Sase Ivanovski

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Sase Ivanovski

За 15% поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

Sase Ivanovski

Сонот на штипјани станува реалност – браната Отиња го решава водоснабдувањето на градот

Sase Ivanovski

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност

Sase Ivanovski

Не е точно дека директорката на Токсикологија оди на работа по 4 часа дневно и дека се паркира на влез од Клиниката, рече министерот за здравство

Sase Ivanovski

КОЛОЗОВА: ЧАО ЕУ, ДОБРЕДОЈДЕ ЕУРОАЗИЈА

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник

Sase Ivanovski

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Sase Ivanovski

Абдиу Халили – Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Sase Ivanovski

Унијата на млади претприемачи со повик до партиите – поголема поддршка на младите претприемачи во Македонија

Sase Ivanovski

Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници

Sase Ivanovski

Први мај и вториот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест

Sase Ivanovski

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Sase Ivanovski

Кривична пријава против директорка на градинка во Велес, за употреба на лажен сертификат

Sase Ivanovski

Загина 20-годишно момче од Прилеп: со неговото возило се судрил со камион

Sase Ivanovski

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите

Sase Ivanovski

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за регистрација на возила, на граѓаните да им се компензираат парите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: Тимот студенти од правен факултет од Приштина меѓу топ 3 во светот, ги победија елитните Харвард, Кембриџ, Колумбија, Оксворд и Јејл

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Пукнато парно ја поплави Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Sase Ivanovski

И Николоски од Струмица го повика Таравари да формираат влада

Sase Ivanovski

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово кадешто имаше технички проблеми

Sase Ivanovski
Вчитувам....