Украинските војници известија дека британските мобилни хаубици „AS90“ 155 mm нудат значителна предност во однос на точноста и дострелот на гаѓањето во споредба со артилериските системи од советската ера во служба на украинската армија, како што се „2S1 Gvozdika“ и „2S3 Akatsiya“.
Трансферот на ова оружје во Украина првично беше објавен во април 2022 година од британскиот премиер Борис Џонсон. Тој најави дека Обединетото Кралство ќе ги зајакне артилериските способности на Украина како што ескалираше конфликтот со Русија, вклучително и обезбедувањето на 45.000 артилериски гранати заедно со артилериските системи.
Украина има добиено вкупно 32 артилериски системи „АЅ90“. Од нив, 20 беа подложени на поправки во Обединетото Кралство за да се обезбеди целосна оперативна способност, додека останатите 12 беа испорачани за вадење и инсталирање на резервни делови.Најмалку една украинска единица, 3-та ударна бригада, активно ги користи овие артилериски системи, по обуката во ОК.Пријавено е и дека 116-та механизирана бригада ефикасно ги користи овие хаубици на теренот.
И покрај нивниот оперативен успех, мобилните хаубици „AS90“ не останаа имуни на загубите на бојното поле. Според информациите, четири од нив се уништени, а три претрпеле оштетувања, но се потенцијално поправливи.Распоредувањето и ефективноста на овие хаубиците ја нагласуваат меѓународната димензија на тековните одбранбени напори на Украина против руската агресија.Изведбата на овие артилериски системи ја истакнува клучната улога на напредната артилерија во модерното војување, особено во конфликт кој се карактеризира и со конвенционални и со асиметрични тактики.